ЌЕРКАТА НА ТРАМП СЕ ВРТИ КОН ЖЕНИТЕ: Создава фонд за помош на претприемачки од цел свет
Објавено во: Свет 27 Април, 2017
За време на посетата на Германија Иванка Трамп, ќерката на претседателот на САД, соопшти дека ќе формира фонд за финансирање на жени претприемачи од целиот свет.
Неговата цел е да обезбеди работа и капитал на мали и средни компании.
„Статистиката покажува дека кога инвестирате во жени и девојки, тоа носи придобивки за развиените и земјите во развој. Жените се огромен неискористен ресурс, од клучно значење за развојот на сите страни“, рекла Иванка Трамп.
Доналд Трамп ја поддржува идејата на ќерка си и веќе е во разговори со Џим Јон Ким, претседател на групата на Светската банка, за тоа како да се промовира проектот.