Ќосето ќе поднесе барање за амнестија
Објавено во: Македонија 21 Декември, 2018
Горан Ангеловски - Ќосето и Иван Цветановски, обвинети за упадот во Собранието на 27 април, ќе ја искористат новата законска можност да поднесат барање за амнестија, потврди нивниот адвокат шред почетокот на денешното рочиште за „крвавиот четврток“.
Правниот застапник Драган Пешевски изјави дека очекува Ангеловски и Цветановски да бидат амнестирани согласно Законот за амнестија.
Тој додал дека неговите клиенти порачале до јавноста дека е дојдено време за национално помирување.
Ангеловски во моментов е во истражниот затвор Шутка, а Цветановски е во куќен притвор.