04 Мај, 2024
0.0244

БУГАРИТЕ СЕ РАЗЛУТИЈА

Клетви, критики и закани за новинарот Миленко по уништената спомена плоча на Кајмакчалан

Објавено во: Балкан 23 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Македонскиот новинар Миленко Неделковски вчера на својот Фејсбу профил преку низа фотографии ги разгоре тензиите меѓу Македонија и Бугарија.

Тој на Кајмакчалан  со чекан ја скршил плочата поставена од бугарите на . 

Фотографиите кои тој ги објави на „Фејсбук“, предизвикаа брза реакција - и во социјалната мрежа и меѓу бугарските политичари.

Дел од македонците му се восхитуваа и со низа пофалби го поддржаа овој чин, додека бугарите се разгневија.

Меѓудругото вчера беше Ден на независноста на Бугарија.

Во првиот статус кој Миленко го објави на ФБ пишува:

Подоцна тој објави и други слики со објаснување дека поставениот бугарски споменик/обелиск си стои со цвеќиња и венци о.

„Горе има и грчки, и српски, кои се законски поставени, но дивограбата веќе е на парчиња“, пишува во втората објава.

Во целиот профил Неделковски држи груб јазик кон Бугарите кои ги нарекува „татари„и „лузери“.


Пристигнаа и првите реакции од бугарски пратеници

„Ако за 48 часа, македонскиот амбасадор во Софија и министерот за надворешни работи на Република Македонија не изрази жалење за тоа што се случило, и ако македонските судски органи не започнат брза постапка против лицата кои го уништиле бугарскиот споменик, Министерството за надворешни работи на Република Бугарија ќе го отповика бугарскиот амбасадор во Скопје и ќе објави дека еднострано прекинување на преговорите за пристапување на Република Македонија кон Европската унија“- за тоа пак повика независниот пратеник Велизар Енчев.

Копретседателот на Патриотскиот фронт Красимир Каракачанов испратил отворено писмо до македонскиот претседател Ѓорге Иванов, во кое вели дека ако не бидат преземени активности, ниту една партија во бугарскиот парламент нема да го поддржи членството на македонската држава во ЕУ и НАТО.

„Слични античовечки, антиморални и антихристијански манифестации не може да се толерираат. (...) Додека слични изроди се на слобода и дивеат со чекани рушејќи споменици, наместо да се во затвор и да ронат камења, Македонија нема како да докаже дека стои зад европските и човечки вредности“, завршува писмото на Каракачанов.

Во битката кај Кајмакчалан (12 - 30 септември 1916 година), дел од битките на Солунски фронт за време на Првата светска војна, една против друга се соочија армиите на Бугарија и Србија.

Српската страна тогаш имаше околу 4600 жртви. Бугарија загуби околу 2.000 војници, а повредени беа речиси 6.000.

Битката е добиена од Србија, но во стратешки аспект не успева да стане особено важна - поради настапувачката зима која го прави тешко продолжувањето на напредувањето на силите на Антантата.

Можеби ќе ве интересира

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

ПРЕСУДА ЗА МАСАКРОТ ВО „РИБНИКАР“ МОЖНА Е ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА?! Еве што кажа адвокатот на семејствата на убиените ученици

ПРЕСУДА ЗА МАСАКРОТ ВО „РИБНИКАР“ МОЖНА Е ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА?! Еве што кажа адвокатот на семејствата на убиените ученици

ДЕНОТ КОГА ЛИЦАТА НА ЈУГОСЛОВЕНИТЕ БЕА ПОКРИЕНИ СО СОЛЗИ: Реченицата „Другарот Тито е мртов“ влезе во историјата

ДЕНОТ КОГА ЛИЦАТА НА ЈУГОСЛОВЕНИТЕ БЕА ПОКРИЕНИ СО СОЛЗИ: Реченицата „Другарот Тито е мртов“ влезе во историјата

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?