Кличко вели дека Русија и натаму се надева дека ќе го заземе срцето на Украина, Киев
Објавено во: Свет 26 Мај, 2022
Според градоначалникот на украинската престолнина, Виталиј Кличко, главна цел на Русија останува освојувањето на Киев.
Тој вели дека Русија сè уште се надева дека ќе го преземе главниот град на Украина. Кличко вели дека Украина е „клуч за слободата во светот“.
„Јасно е дека не станува збор за специјална воена операција, како што тврди Русија, туку за војна, една од најголемите по Втората светска војна. Илјадници луѓе загинаа, меѓу кои и многу деца, а на истокот на земјата се води голема битка“, рече Кличко.
Градоначалникот рече дека целиот свет виде докази за воени злосторства преку сателитските снимки во Буча. Тој вели дека ова е геноцид врз украинскиот народ. Русија на почетокот планираше освојување на Киев, но потоа најави дека ќе се фокусира на битката за Донбас. Се очекува дека битката за Донбас ќе ја реши војната која трае три месеци.