02 Мај, 2024
0.0424

Коби Брајант и неговата сопруга имале пакт: Никогаш да не летаат заедно со хеликоптер

Објавено во: Свет 29 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Коби Брајант имал добро позната склоност да лета над Јужна Калифорнија со хеликоптер, но тој и неговата сопруга имале завет, никогаш заедно да не летаат со него.

-Тој и Ванеса имаа договор никогаш со хеликоптерот да не летаат заедно“, рекол добро упатен извор за „Пипл магазин“, без да ги образложува причините кои стојат зад овие одлуки, пренесува Нујоркпост.

Во едно интервју од 2018 година, Брајант објаснил дека тој се определил за хеликоптер со цел да не губи време во сообраќајот за време на неговите натпревари и максимално да може на тој начин да им се посвети на неговата сопруга и ќерки.

-Сообраќајот почна да се одвива многу, многу лошо-објаснила легендата на Лејкерс.

Се случувало да пропушти училиштен настан поради сообраќајните гужви. Морав да најдам начин на кој ќе можам да продолжам со тренензите, а во истовреме да не го компромитирам времето со семејството, раскажал Коби.

-Тогаш погледнав во хеликоптерите, и сфатив дека можам да се спуштам и вратам за 15 минути, а така и започна се- открил Брајант кој загина трагично со неговата 13 годишна ќерка во хеликоптерска несреќа.

Тоа драгоцено време со семејството вклучуваше често одење во Дизниленд, како што е забелеќано во ноемврискиот пост на Инстаграм каде со сопругата прославил 20 години од бракот. 

-На денешен ден пред 20 години ја запознав својата најдобра пријателка, мојата кралица-напиша Коби под фотографијата која ја споредувал брачен пар од 1999 и 2019 година.

Брајант и неговата втора ќерка, позната како ЏиЏи, патуваа рано во неделата кон неговата спортска акедемија Мамба, на кошаркарски турнир, на кој таткото беше тренер а ќерката играла.

Но, хеликоптерот се урна на падините на Калабас насред густата магла, усмртувајќи ги двајцата плус седум други, меѓу кои и пилотот Ара Зобајан.

Изворот кој за „Пипл“ раскажал за пактот на Брајант и неговата сопруга Ванеса, открил и дека кошаркарската легенда летал „само“ во хеликоптерите кои ги управувал Зобајан.

Пилото имал преку 8000 часа лет и бил лиценциран инструктор по летање, кажаа претходно претставници од Националниот одбор за безбедност на транспортот.


Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ПРОНАЈДЕНА ПЛАСТИКА ВО ПОВЕЌЕТО ОВОШЈА И ЗЕЛЕНЧУЦИ: Еве која храна може да содржи честички, Си-Ен-Ен објави студија

ПРОНАЈДЕНА ПЛАСТИКА ВО ПОВЕЌЕТО ОВОШЈА И ЗЕЛЕНЧУЦИ: Еве која храна може да содржи честички, Си-Ен-Ен објави студија

ЗА ЕДНА ГОДИНА „СЕ РАЃААТ“ ПОЛОВИНА МИЛИОН НОВИ РОБОТИ: Ќе ги заменат ли работниците? Што значи тоа за нив?

ЗА ЕДНА ГОДИНА „СЕ РАЃААТ“ ПОЛОВИНА МИЛИОН НОВИ РОБОТИ: Ќе ги заменат ли работниците? Што значи тоа за нив?

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти