30 Април, 2024
0.0272

Коѕијас: Треба да најдеме сложено име кое ќе ја изразува посебноста на оваа држава

Објавено во: Балкан 28 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Во обраќањето  на промоцијата на книгата „Македонското прашање“ на Никос Мерѕос, шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас вели дека името не треба да има иредентистички елементи, и дека треба да биде сложено со географска одредница, со придавка и да разграничува дека не станува збор за грчката Македонија.

„Треба да најдеме сложено име што ќе ја изразува посебноста и географската позиција на оваа држава, а во исто време нема да навредува ниту една од двете страни“, вели Коѕијас.

Шефот на грчката дипломатија осврнувајќи се на патриотизмот рече дека патриотизам не е да го негираш правото на другата страна да е горда на нејзината историја, „доколку е вистинска, а не фалсификувана“јавува дописник за МИА од Атина.

„Патриотизам за мене значи сложено име. Ова сложено име треба да важи за сите, бидејќи во преговорите во изминатите години имаше една забуна, дали треба да важи само за меѓународни организација, дали треба да важи за меѓудржавни односи, а ова многумина го нарекуваат ерга омнес. Но, вистинското ерга омнес е да важи за сите и за сите односи, односно и за внатрешноста. Да важи и да биде изразено со меѓународниот договор што ќе го потпишеме во ОН и со промените што треба да се направат во нивниот Устав“, рече Коѕијас.

Коѕијас говорејќи за промената на Уставот, вели дека е неопходна не само бидејќи тоа е грчко барање и гаранција за Атина, туку е неопходна и за внатрешни гаранции и за некоја идна влада, затоа што „следниот Груевски 2“ ќе излезе со обвинувања.

Тој додаде дека кога ги започнал преговорите му кажал на медијаторот Метју Нимиц  дека „со рака на срце сака чесно решение“, ниту да го наметне ниту да му го наметнат, решение со географска одредница пред зборот Македонија.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, Никос Коѕијас во долгото и опширно обраќање во преполниот амфитеатар во една од зградите на грчкото МНР, направи историска ретроспектива на проблемот со името.

Шефот на грчката дипломатија потсети дека Македонија како поширок географски регион припаѓа на четири држави, а не само на Грција.

„Моите пријатели во Скопје, се или се обидуваат да станат најмлада европска држава, најмлада европска нација, ако го тргнеме Косово настрана, се обидуваат да најдат еден историски идентитет на еден, според нас, погрешен начин и наместо да се ограничат на тоа дека се народ составен од различни заедници, од кои мнозинството се Словени, со втора голема заедница Албанците, со Власи итн., се обидоа да го спојат, да го цементираат нивното постоење со националната историја што ја немаа и со споменување на македонизмот во историјата и идентитетот. И тука се роди иредентизмот. И очигледно е дека проблемот со името, го концентрира иредентизмот во историјата, во образованието, во симболите, се концентрира во нивната секојдневна свест“, рече Коѕијас, а во истиот контекст ги спомена преименувањата на аеродромот и автопатот, како голем чекор.


Можеби ќе ве интересира

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот