КОЕ Е ОБРАЗЛОЖЕНИЕТО: Aтина нема да го поддржи протестот „Македонија е грчка“
Објавено во: Балкан 25 Јануари, 2018
Грчката престолнина Атина нема да го поддржи протестот под мотото „Македонија е грчка“.
Општинскиот совет на Атина денеска го отфрли барањето на пратеникот на Златна зора, Илијас Касидијарис за издавање резолуција за поддршка на протестот.
Имаше осум гласа „против“ и три „за“.
Атинскиот градоначалник Јоргос Каминис, предложил барањето да се отфрли со објаснување дека референдумите и резолуциите го делат народот и шират омраза.
„Секој, кој поставува теми за референдуми и резолуции за името, единствено нешто што сака да постигне е да го подели грчкиот народ. Ја зајакнува омразата. Одговорна за управување со ова прашање е официјалната грчка Влада, имајќи ја наспроти неа демократската опозиција. Денес потребна е трезвеност и смиреност“- вели Каминис.
Заменичката на градоначалникот на Атина, во нејзиното излагање на советот, според АПЕ-МПЕ, рекла дека не е доставено барање до општина Атина за отстапување на централниот плоштад Синтагма за одржување на протестот за „одбрана на името Македонија“.
Организаторите на неделниот собир во Солун, најавија дека на 4 февруари ќе се одржи нов протест во Атина.
Во Солун излегоа 90.000 Грци на протест.