15 Мај, 2024
0.0244

Кое хоби треба да го наведете во вашето CV?

Објавено во: Стил 14 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Уредно CV може да ве издвои од другите кандидати кои бараат работа.

Некои сметаат дека хобито не е важно да се наведе во кратката биографија, а други се со став дека тоа може да ве издвои од масата потенцијални баратели на работа.

Во некои случаи кандидатот има предност баш поради своето хоби.

Ако такви детали имате во вашата биографија, на интервју ќе треба да објасните нешто повеќе.

Видео продукција е хоби кое вреди да се спомене. Личностите кои се занимаваат со ова хоби се прецизни и концентрирани.

Пишување блог добор ќе изгледа ако конкурирате за работа поврзана со комуникација или маркетинг. Блогот мора да биде интересен и без правописни грешки.

Друго важно хоби е и фотографијата. Фотографите се трпеливи и креативни.

Ако свирите на некој инструмент, не се двоумете овој податок да го наведете во вашата кратка биографија.