06 Мај, 2024
0.0271

КОЕ ИМЕ ЌЕ БИДЕ ИЗБОРОТ НА ЗАЕВ И АХМЕТИ: Владеачката коалиција на избори со заеднички кандидат

Објавено во: Македонија 28 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Партиите од владеачката коалиција ќе имаат заеднички кандидат на претстојните претседателски избори, се договорија лидерите на СДСМ и ДУИ Зоран Заев и Али Ахмети.

Тоа пред новинарите го кажа лидерот на ДУИ Али Ахмети, по состанокот кој е одржан во зградата на парламентот и најави дека името на заедничкиот кандидат ќе се објави во петок.

-Со ова им праќаме порака на граѓаните дека имаме зрели политички партии кои можат да донесат одлука за заеднички претседателски кандидат. Разговаравме за имињата и во следните денови ќе се одлучиме за еден од нив - кажа Ахмети.

Лидерот на ДУИ потсети и дека и претходно имало обиди македонските и албанските партии да имаат заеднички кандидат на изборите за претседател на државата, но дека биле неуспешни.

Ахмети најави дека во наредните денови ќе ги продолжи консултациите со помалите партии на Албаницте за поддршка на заедничкиот кандидат.

Минатата недела Заев доби поддршка за заеднички кандидат на дваесеттина помали партии во изборната коалиција и од помалиот партнер во владата, партијат на Африм Гаши Алтернатива.

ВМРО ДПМНЕ за свој кандидат за шеф на државата ја избраа професорката Гордана Силјановска Дафкова.

Изборите ќе се одржат на 21 април , а доколку ниту еден кандидат не победи во првиот круг, вториот круг на шестите по ред претседателски избори ќе биде на 5 мај.

Официјалниот дел од кампањата за изборите со одлука на ДИК ќе почне на 1 април.

Мандатот на Иванов завршува на 12 мај.

Можеби ќе ве интересира

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран