Кога Јанева ќе оди на распит во ОЈО?
Објавено во: Македонија 11 Август, 2019
Шефицата на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, в среда се враќа од одмор на работа, потврдија од обвинителството за организиран криминал за ТВ Сител.
Од обвинителството велат дека сите инволвирани во случајот „Рекет“ ќе бидат повикани на распит, вклучувајќи ја и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, но не откриваат кога тоа точно ќе се случи.