08 Мај, 2024
0.0259

КОГА СЛУЖБАТА ПОТФРЛИ, ЛОГИЧНА Е ОДГОВОРНОСТ: Со оставката Котевски ќе даде детали за инцидентот со Јанакиески и Ристовски

Објавено во: Македонија 23 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Директорот на скопскиот затвор „Шутка“, Гоко Котевски реши да се повлече од функцијата откако премиерот побара негова одговорност поради инцидентот во кој беа нападнати екс министрите Јанакиески и Ристовски.

-Јас сум одговорен човек, професионалец, посветен на службата и кога службата потфрли логично е од професионални и морални причини да се поднесе оставка-изјави Котевски.

Оставката на директорот на затворот ќе биде доставена во понеделник, ама заедно со неа ќе има и извештај од истрагата.

Одговорност и осуда бараше премиерот Заев, додека министерката за правда Дескоска бараше во случајот да се вклучи и Народниот правобранител.

Котевски тврди дека инцидентот вербално го предизвикале екс министрите, по што ги нападнале двајца затвореници. Инцидентот се случил во четвртокот во затворот во текот на прошетката на затворениците во затворскиот двор.

Јанакиески заврши во градска болница, додека Ристовски го прегледал затворскиот лекар.

Епилогот од овој случај засега е враќање на Миле Јанакиески во домашен притвор, а Спиро останува во затворот.

Можеби ќе ве интересира

ОБВИНИТЕЛСТВО: Поднесена е пријава за поткуп во Велес за две лица

ОБВИНИТЕЛСТВО: Поднесена е пријава за поткуп во Велес за две лица

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

ДАШТЕВСКИ: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

ДАШТЕВСКИ: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија