21 Октомври, 2021
0.0205

Кого обвини Путин за пожарот во трговскиот центар во Кемерово?

Објавено во: Свет 27 Март, 2018

Претседателот на Русија, Владимир Путин беше на посета на Кемерово каде што во пожар загинаа 64 лица.  Тој при посетата изјави дека една од причините за пожарот во трговскиот центар „Зимњаја вишња“ (Зимска вишна), е криминалната негрижа

„Што се случи овде, а не беше борбена ситуација или неочекувана експлозија на метан во рудник. Луѓето, децата дошле да се одморат. Зборуваме за демографија и тогаш изгубивме толку луѓе, поради што? Поради криминална негрижа“, рече Путин, при тоа изразувајќи им сочувство на семејствата на жртвите.

Претседавачот на Истражниот комитет Александар Бастрикин на состанокот со кој претседаваше Путин изјави дека не работел противпожарниот апарат во трговскиот центар.

„Противпожарниот апарат не работеше од 19 март и никој не се погрижи за тој проблем. Еден од чуварите во трговскиот центар заборавил на време да го вклучи системот за гласовно предупредување. Не можеме да пронајдеме разумни објаснување, најверојатно воопшто не бил обучен“, посочи Бастрикин.

Пожарот во трговскиот центар во Кемерово што изби на четвртиот кат зафати околу 1.600 метри квадратни, при што загинаа 64 лица, од кои поголемиот број деца.


Можеби ќе ве интересира

Новата мутација на делта сојот е детектирана и во САД

Новата мутација на делта сојот е детектирана и во САД

Европска земја која важеше за успешна корона приказна, сега се затвора

Европска земја која важеше за успешна корона приказна, сега се затвора

Француската полиција трага по убиецот кој на маж му ја отсекол главата и му ја извадил утробата

Француската полиција трага по убиецот кој на маж му ја отсекол главата и му ја извадил утробата

Русите добиваат платена неработна недела поради рекордот на починати од коронавирусот

Русите добиваат платена неработна недела поради рекордот на починати од коронавирусот

Во Австралија паѓаше град со големина на грејпфрут

Во Австралија паѓаше град со големина на грејпфрут

„AY 4.2“- ПОДВАРИЈАНТА НА ДЕЛТА СОЈОТ ДЕТЕКТИРАНА КАЈ 11-ГОДИШНО ДЕТЕ: Момчето патувало од Молдавија во Израел

„AY 4.2“- ПОДВАРИЈАНТА НА ДЕЛТА СОЈОТ ДЕТЕКТИРАНА КАЈ 11-ГОДИШНО ДЕТЕ: Момчето патувало од Молдавија во Израел

НАЈНОВА ИТАЛИЈАНСКА СТУДИЈА: Вакцинираните умираат од ковид главно поради старост или поради тешка болест

НАЈНОВА ИТАЛИЈАНСКА СТУДИЈА: Вакцинираните умираат од ковид главно поради старост или поради тешка болест

ВОЗАЧИ НЕДОСТИГААТ СЕГА И ВО САД - десетици бродови чекаат со недели да бидат истоварени

ВОЗАЧИ НЕДОСТИГААТ СЕГА И ВО САД - десетици бродови чекаат со недели да бидат истоварени

ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ДАМАСК: Во експлозија на автобус загинаа 14 луѓе

ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ДАМАСК: Во експлозија на автобус загинаа 14 луѓе