28 Април, 2024
0.0284

Кои гевгеличани лани најправиле најголем профит?

Објавено во: Економија 13 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Гевгелија лани уште еднаш покажа дека има силен економски потенцијал. Има 15 компании кои оствариле профит еднаков или поголем од 200.000 евра, а меѓу најпрофитабилните десет друштва девет се поседувани од домашни лица и само една фирма е во сопственост на странци

Гевгелија е најјужната македонска точка и град познат по тоа што се наоѓа на самата граница со Грција на која цветаше бизнисот со казина, град прочуен по гостопримливоста на луѓето од кои значаен дел се едни од најуспешните претприемачи во Македонија.

Лани Гевгелија со нејзините не повеќе од 15.000 жители имала дури 15 компании кои освариле приход еднаков или поголем од 200.000 евра што е резултат за пример во споредба со повеќето општини во земјава со толкав човечки капацитет. Очигледно дека близината на Грција и локалниот претприемачки менталитет влијаат врз креирање на успехот на гевгелиската локална економија. Во најуспешните десет гевгелиски компании лани дури девет се поседувани од домашни сопственици.

Контихидропласт е најголема домашно поседувана и најуспешна гевгелиска компанија специјализирана за изработка на листови, профили и цевки од пластични маси кои наоѓаат широка примена особено во градежната индустрија. Лани компанијата на Борис Маџунков остварила приход од 29 милиони евра што е за значајни 9 отсто повеќе од претходната година. Профитот на друштвото изнесува 2,5 милиони евра и тоа е за 47 отсто подобар резултат од претходната година.

Втора во ова рангирање според остварениот профит е познатата домашна компанија за преработка и конзервирање овошје и зеленчук ДИ-ЕМ. Семејната компанија на Петар и Ѓорги Атанасови лани остварила приход за 30 отсто повисок од претходната година  и тој изнесувал 8,4 милиони евра. Добивката на ДИ-ЕМ лани е 1,2 милиони евра и тоа е за 29 отсто повеќе од претходната година.

Лемекс транспорт е компанија специјализирана за товарен патен транспорт сопственост на гевгеличанецот Лефтер Шутов. Ова друштво лани остварило приход од 3,1 милиони евра (за 7 отсто послабо од 2018 година) и профит од 631.000 евра што е за 55 отсто подобро од претходната година. Со овој резултат компанијата е трета најпрофитабилна гевгелиска фирма.

Принцесс Хотел и казино е странската инвестиција која од аспект на приход е најголемата гевгелиска фирма. Лани приходот изнесува 47,3 милиони евра што било за 17 отсто подобро од 2018 година. Добивката изнесувала 537.000 евра што е за 44 отсто повеќе од 2018 година. Друштвото е во сопственост на две странски компании: Принцес груп и Ирада.

Во најуспешните гевгелиски бизниси на петото место е компанијата на една жена. Станува збор за Интер-констракшн друштво што произведува пластични маси, а сопственичка е Жаклина Таневска. Ова друштво лани остварило приход од 3,1 милиони евра што е за 69 отсто подобро од претходната година, а добивката е 457.000 евра.

Друштвото Ветеринар е специјализирано за одгледување јаболка и коскесто овошје. Лани оваа фирма сопственост на: Вили Ќичуков, Невенка и Јасмина Кичукови, Јулија Попова и Невенка Христовска генерирала приходи од дејноста поголеми за 17 отсто од лани и тие изнесуваат 6,4 милиони евра. Профитот лани е помал за 33 отсто од претходната година и изнесува 360.000 евра.

Одлична година лани имала и гевгелиската фирма за електро-инсталатерски работи Итекс системс сопственост на Тодор Бегов. Друштвото има приход од 1,7 милиони евра и остварило раст од 68 отсто во споредба со 2018 година. Профитот е за 3 пати поголем од претходната година и изнесува 387.000 евра.

Уште две компании за преработка и конзервирање овошје и зеленчук во најуспешните десет гевгелиски фирми. Тоа се: Вори и Випро. И двете имаат изендачен профит. Вори на Јорданка Ристова лани остварила добивка од 320.000 евра што е за 2 пати подобар резултат од претходно. Приходите биле 5,3 милиони евра што е за 7 отсто помалку од 2018 година. Випро лани работел на ниво од 2018 година од аспект на приходите. Тие изнесуваат 4,2 милиони евра. Добивката на фирмата на Виктор Петков лани е за 18 отсто поголема од претходно и изнесува 319.000 евра.

Најголемо чудо на гевгелиската економија лани е фирмата за изградба на станбени и нестанбени згради САС Инвест чиј сопственик е Нестор Петровски. Лани приходот на ова друштво пораснал за 358 пати до износ од 1,9 милиони евра. Добивката изнесува 321.000 евра и е поголема за 60 пати.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“