18 Мај, 2024
0.0278

Кои напади ја потресоа Западна Европа во последната деценија?

Објавено во: Свет 22 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Бомби во три возови во предградијата на Мадрид,  убија 191 лица на 11 март 2004 година. Нападот беше прогласен за најтежок напад на исламисти во Европа. Што се случи потоа? Крвавите напади на аеродромот и во метрото на Брисел, се во долгата низа напади извршени во Европа во последниве години. Екстремисти поврзани со терористичката група Исламска држава, на 13 ноември 2015 година нападнаа во концертната сала „Батаклан" и други места во Париз, при што загинаа 130 луѓе. Клучниот осомничен, 26-годишниот Салах Абделсалам, беше уапсен во Брисел за време на операцијата на белгиските специјални сили во саботата. Омар ел Хусеин, дански државјанин од палестински потекло на 14 февруари 2015 година, отвори оган со автоматско оружје во данскиот културен центар, каде се одржуваше конференција на тема „Уметност, богохулство и слобода". Данскиот режисер Фин Норгард беше убиен, а тројца полицајци беа повредени. Напаѓачот успеа да избега и истата вечер го уби Евреинот Дан Узан пред синагога, повредувајќи и двајца полицајци. Ел Хусеин беше убиен неколку часа подоцна во престрелка со полицијата. При вооружен напад на 7 јануари 2015 година во парискиот сатиричен весник „Шарл ебдо" беа убиени 12 души. Четири лица беа убиени на 24 мај 2014 година во Еврејскиот музеј во Брисел од напаѓач, вооружен со автомат калашников. Мажот беше француски исламист, поврзан со Исламска држава во Сирија. Ова се само дел од нападите, други напади имаше во Тулуз, Осло, Лондон, Мадрид.

Можеби ќе ве интересира

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население