Кои се болните и тешки решенија кои ја чекаат Србија на патот кон ЕУ?
Објавено во: Балкан 13 Април, 2018
За трајно решение потребна е и согласност на Германија, Франција, на ЕУ, САД, Турција и Русија, а за сето тоа треба да биде информирана и Кина, потенцираше српскиот претседател Александар Вучиќ мислејќи на односите со Косово.
Тој додаде дека е „подобро е да се обидеме да решиме нешто, бидејќи стабилноста нема цена, а со воен судир би се вратиле 100 години назад“.
Вучиќ по разговорите со германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека „Србија е подготвена на компромис“ и тоа ѝ го соопштил и на Меркел, но додал дека и за тоа се потребни две страни.
Српскиот претседател порано верувал дека е полесно сами да разговараат Србите и Албанците.
Вучиќ најави дека во иднината ќе се носат болни и тешки решенија доколку Србија сака да биде дел од ЕУ.
Меркел инсистирала по секоја цена да се сочува мирот и да се избегнуваат провокации и инциденти.
Како што изјави, тој со Меркел разговарал за Заедницата на српски општини, за инцидентот со Марко Ѓуриќ и за потребата од постигнување компромисно решение за Косово. Една од темите била и учеството на Србија на Самитот на ЕУ во Софија, за што германската канцеларка порачала дека е многу важно Србија да учествува на самитот.
„Замислете да дојдат сите земји од ЕУ, од целиот Западен Балкан, и од Приштина, а ние да не дојдеме“ – изјави Вучиќ, додавјќи дека „Србија секако дека ќе биде преставена на Самитот на ЕУ-Западен Балкан во Софија“.
Меркел порача дека средбата ќе придонесе да се најде решение за прашањето за Косово, без разлика колку и да е тоа тешко.