20 Декември, 2025
0.0492

Кои се најдобрите места за пензионирање во светот?

Објавено во: Економија 29 Јануари, 2016 13:24

Добивај вести на Viber

Изданието „International Living“ излезе со својата традиционална годишна оценка за тоа каде е најдобро да се пензионирате оваа година.

Во рангирањето учествувале 23 земји, во кое се земени предвид фактори како пристапност на стоките и услугите, интернет пристап, здравството, климата и лесен пристап за патување до други земји.

И бидејќи рангирањето е ориентирано кон тоа да ги дава најдобрите предлози за пензионирања во други земји, со голема тежина во него се факторите како цена на недвижности, потенцијални привилегии за странски пензионери, како и можна забава.

Резултатите повторно не се особено големо изненадување, а во листата доминираат земји од Јужна Америка.

Панама е рангирана на прво место како најдобро место за странски пензионери. Земјата е со пристапни цени, здравството е со висок квалитет, климата е поволна. Покрај тоа жителите на земјата се дефинираат како пријателски настроени и гостопримливи, а англискиот јазик е широко распространет.

Вкупно шест земји од Јужна Америка спаѓаат во рангирањето на десетте најдобри места за странски пензионери - Панама, Еквадор, Мексико, Коста Рика, Колумбија и Никарагва.

Малезија ја зазема највисоката позиција во однос на критериумот -пристапност. Таа е рангирана на петтото место во листата.

Земјата станува достапна во последните години во однос на цените. Таа е најпосакувана дестинација од пензионерите главно од Велика Британија и Австралија во последниве години, но станува популарна и за пензионираните Американци.

Во однос на здрав начин на живот, првата позиција е за Костарика и Никарагва. Луѓето кои сакаат да уживаат во свежиот воздух и добро време, дефинитивно се упатуваат кон нив. Овие две земји нудат исто така висок квалитет на здравството. Лесен пристап до виза и добивање на државјанство се нови критериуми кои се земаат предвид во овогодинешното рангирање.

Во некои земји, како Панама на пример, тоа е релативно лесно и евтино. Најдобра во рангирањето во однос на квалитетот на здравството се квалификуваа Колумбија и Малезија, кои сериозно го развиваа здравствениот туризам поради ниските цени и високиот квалитет на услугите.

Во однос на најголема пристапност во цените на стоките и услугите, на прво место е Камбоџа. Апартмани во добри населби може да се најде со месечни кирии од 250 долари, а вечера надвор чини во просек околу 5 долари. Во однос на добра инфраструктура, пристап до аеродроми, интернет и сл., првите позиции се за европски земји како Шпанија, Португалија, Ирска, Франција и Малта.

Можеби ќе ве интересира

Компанија од Емиратите најблиску да ја купи Нафтена индустрија на Србија (НИС)

Компанија од Емиратите најблиску да ја купи Нафтена индустрија на Србија (НИС)

Синдикалната минимална кошница во декември зголемена на 65 492 денари

Синдикалната минимална кошница во декември зголемена на 65 492 денари

ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби

ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“

Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра

Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра

Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка

Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?