Кои се трите најбогати Арапи?
Објавено во: Финансии 22 Септември, 2018
Арапите се познати по своето богатство. Тие носат скапи часовници, поседуваат јахти, станови, вили, уметнички дела, накит и што уште не.
Заедно најбогатите Арапи од повеќе земји имаат 76.7 милијарди долари вредно богатство.
Насер Савирис е најбогатиот Арап, со богатство вредно 6.6 милијарди долари и е потомок на едно од најбогатите семејства во Египет. Тој се занимава со производство на ѓубрива, а погоните му се во Ајова и Тексас.
Хусеин Сајвани кој „тежи„ 4.1 милијарди долари, има компании за недвижности во Дубаи. Тие работат од 2002 година, а претходно произведувал храна за американската војска.
Исад Ребраб има богатство од 4 милијарди долари, и е сопственик на CEO Cevital. Ова е најголемата приватна компанија во Алжир. Тој ги поседува една од најголемите рафинерии на шеќер во светот, а може да произведе два милиони тони шеќе годишно.