29 Април, 2024
0.0295

Кои се трите услови кои Бугарија ги бара од Македонија за да не стави вето за почеток на преговорите со ЕУ

Објавено во: Македонија 07 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Бугарските медиуми веќе ги објавуваат условите кои Македонија треба да ги вклучи преговарачката рамка, а како што пишува „Mediapool.bg“, тоа се: добрососедските односи да бидат критериум за членство на Македонија во ЕУ, да се користи официјалното уставно име на државата, а не краткото, и формулацијата за јазикот наместо „македонски јазик“ да биде „официјален јазик“ на земјата-кандидат.

Порталот ги објави овие барања уште во текот на вчерашниот ден, како што наведуваат, од дипломатски извори.

Според бугарскиот вицепремиер, Красимир Каракачанов, земјава не е подготвена започне преговори, бидејќи, како што вели во интервјуто за „Брисел 1“, македонската влада се обидува повеќе од три години да не го спроведува Договорот со Република Бугарија.

-Не можам да разберам зошто некои надворешни набљудувачи ги мешаат улогите. Бугарија не аплицира за членство. Бугарија е земја-членка, Македонија аплицира за членство во ЕУ и треба да биде свесна дека обврските што ги презема со склучување на договори. Во Македонија, сепак, се чини дека постои и продолжува да постои идејата дека некој ќе ја притисне Бугарија во последен момент и Бугарија ќе попушти. Постојат обиди да не убедат на еден или друг начин, но Бугарија ги брани своите национални интереси. Ја гледаме Македонија сега, во ситуација на кандидат-членка, но со агресивно однесување, со очигледните тврдења кон Бугарија - за малцинство, кражбата на историјата, говорот на омраза против Бугарија и замисли го Скопје утре во ЕУ . Кој ќе победи во ова ситуација? Бугарија дефинитивно ќе изгуби ако има сосед како Македонија, која е членка на НАТО и ЕУ и која има сличен тон и однесување, вели Каракачанов.

Актуелниот спор со Бугарија денеска беше и во центарот на вниманието на словенечкиот Институт за блискоисточни и балкански студии, во чија анализа е наведено дека е незамисливо во 21 век Бугарија да ги оспорува идентитетот и македонскиот јазик.


Можеби ќе ве интересира

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски