09 Мај, 2024
0.2163

Кои се жилавите агенти Грујевски и Бошковски од УБК?

Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Грчката полиција вчера ги уапси агентите на УБК Горан Грујевски и Никола Бошковски во Солун откако веќе три месеци се побегнати од Македонија чекајќи ги судење за предметот Тврдина 2 на Специјалното јавно обвинителство. Тие се покажаа како доста снаодливи агенти со бројни трикови кои ги научиле во тајната служба, односно откако им беше изречена мерка притвор по поднесената жалба веднаш успеаја да преминат граница незабележано и со месеци да бидат недостапни за македонските органи на прогонот. 


„Началникот и помошникот“

Горан Грујевски извршуваше бројни функции во УБК меѓу кои и началник на петтата управа која е задолжена за посебни операции како следење, прислушкување и обработка на лица од интерес. Тој кога беше екот на истрагата на СЈО дури имал и храброст да ги следи обвинителките и да прави бележници за нивното движење и активности. Лани во март за прв пат му беше одреден притвор но, по неколку дена судот ја преиначи одлуката и го пушти од истражниот затвор Шутка. Пред да се формира широката влада Чавков како министер за внатрешни го назначи за шеф за координација во МВР односно го награди за неколку скалила погоре. 

Десна рака на Мијалков

Грујевски важи за еден од најблиските луѓе на Сашо Мијалков, но човекот кој му беше надреден како директор на УБК за истите кривични дела за кои се товари никогаш не доби притвор туку само одземање на пасошот. Грујевски ова лето повторно доби мерка притвор во траење од 30 дена но, не стапна во Шутка бидејќи успеа да избега најверојатно користејќи добро проверени канали и помош. За него се откри дека незаконски го користел лажниот идентитет Владимир Варелов со целосна документација. 

„Доктор“ за прислушкување

Интересен куриозитет за Грујевски е што докторирал на тема за законот за следење на комуникациите, односно кога прислушкувањето е дозволено и одобрено, а во кои случаи не, при што во истиот период се сомничи дека токму тој бил дел од оперативата која го вршела масовното прислушкување на граѓани.

„Сведок или соработник“

Никола Бошковски е еден од најблиските луѓе на Грујевски и соработник со кој поминале заедно низ многу задачи. Бошковски исто така исчезна заедно со Грујевски во исто време кога полицијата требаше да ги спроведе во Шутка и е осомничен во истите предмети од страна на СЈО за уништување на системите за прислушкување за да се прикријат сите траги и можна одговорност на управата. Бошковски треба да сведочи за тоа какви наредби добивал. Неговиот имот беше чешлан од страна на СЈО преку државните институции УЈП, катастарот и банките со цел да се утврди дали незаконски се богател додека ја вршел функцијата. Со оглед дека СЈО го товари и Бошковски за направената штета од 1,4 милиони евра може да побара и замрзнување на имотот за потоа да направи надомест во текот на судската постапка.  

Расплет на шпионскиот трилер

Грујевски и Бошковски како помали играчи во МВР и УБК може да послужат и како сведоци за што се случувало во тајните служби, како се уништувала опремата и системите за прислушување, кој издавал наредби за неовластено следење на комуникациите и како се вршеле злоупотребите со што ќе паднат крупните риби на кои цели СЈО. Денес се очекува грчката правосудна служба да каже детали за начинот на кој се уапсени, а потоа и да се разговара за нивна екстрадиција во Македонија. Грујевски на првото рочиште посочи дека не е виновен и го одбива обвинението со индигнација. Тој долго време не одеше на рочиштата поради наводно боледување.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

Никола Димитров: Честито победа, но џабе ако продолжи партизацијата

Никола Димитров: Честито победа, но џабе ако продолжи партизацијата

АПАСИЕВ ИМ НАЈАВИ ПЕКОЛ ВО СОБРАНИЕТО: Секој наш пратеник вреди колку 10 нивни, имаме шест, се бориме за седмиот

АПАСИЕВ ИМ НАЈАВИ ПЕКОЛ ВО СОБРАНИЕТО: Секој наш пратеник вреди колку 10 нивни, имаме шест, се бориме за седмиот

БИТИЌИ ДАДЕ ОСТАВКА ОД ПОТПРЕТСЕДАТЕЛСКОТО МЕСТО НА СДСМ: Оставката не претставува политички чин на загубата на социјалдемократската идеја

БИТИЌИ ДАДЕ ОСТАВКА ОД ПОТПРЕТСЕДАТЕЛСКОТО МЕСТО НА СДСМ: Оставката не претставува политички чин на загубата на социјалдемократската идеја

ГРУБИ: „АЛИ АХМЕТИ НЕСКРШЛИВИОТ, ЗА ПРВ ПАТ СМЕ ВТОРА СИЛА ВО ДРЖАВАТА“

ГРУБИ: „АЛИ АХМЕТИ НЕСКРШЛИВИОТ, ЗА ПРВ ПАТ СМЕ ВТОРА СИЛА ВО ДРЖАВАТА“

Мицкоски: Народот си ја спаси државата, ДУИ оди со СДСМ во опозиција

Мицкоски: Народот си ја спаси државата, ДУИ оди со СДСМ во опозиција

ЈАНКУЛОВСКА СЛАВИ ПОБЕДА ВО ШТАБ: Објави приказна со сопартијците

ЈАНКУЛОВСКА СЛАВИ ПОБЕДА ВО ШТАБ: Објави приказна со сопартијците

ДИК направи проекција на мандати во Собранието по 84 отсто преброени гласови: ВМРО-ДПМНЕ со 59 пратеници?

ДИК направи проекција на мандати во Собранието по 84 отсто преброени гласови: ВМРО-ДПМНЕ со 59 пратеници?

„ПРЕМИЕРЕ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ ВИ ЧЕСТИТАМ ОД СРЦЕ“: Ѓорѓиевски на Фејсбук со честитка за победата

„ПРЕМИЕРЕ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ ВИ ЧЕСТИТАМ ОД СРЦЕ“: Ѓорѓиевски на Фејсбук со честитка за победата

ТАРАВАРИ ИМ „ПРЕПИША“ ДВА ПАТИ НА ДЕН ЕФРИДОЛ НА ДУИ ПО ЈАДЕЊЕ: „Реков дека сум доктор“

ТАРАВАРИ ИМ „ПРЕПИША“ ДВА ПАТИ НА ДЕН ЕФРИДОЛ НА ДУИ ПО ЈАДЕЊЕ: „Реков дека сум доктор“