Кои српски политичари се на „црната листа“ затоа што одавале државни тајни на САД?
Објавено во: Балкан 06 Јануари, 2018
Во српските медиуми e oбјавена листа на српски политичари кои изминатите 20 години редовно одавале државни тајни на челниците на САД и на Амбасадата во Белград.
Списокот го објави „Српски Телеграф“ , а информациите се добиени врз основа на документите објавени на „Викиликс“.
На листата се ставени поранешниот претседател Борис Тадиќ, поранешниот претседател на Генералното собрание на ОН, Вук Јеремиќ, актуелниот претседател на Демократска партија, Драган Шутановац, поранешниот градоначалник на Белград, Драган Ѓилас и други.