Кој бара да му се одземе мандатот на Шешељ?
Објавено во: Балкан 14 Април, 2018
Да му се одземе пратеничкиот мандат на Воислав Шешељ од Српската радикална странка, побара денеска Ненад Чанак од Лигата на социјал-демократите на Војводина.
Шешељ неделава е прогласен за виновен од страна на Хашкиот трибунал за воени злосторства, но беше осуден на десет години, колку што досега има одлежано во притвор. ешељ останува на слобода во Србија, но според Чанак, поради пресудата треба да му биде одземен мандатот.
„Лошо е за угледот на Парламентот во собраниските клупи да седи човек осуден за воени злосторства, за поттикнување на прогон на Хрватите во 1992 година“ - изјави Чанак.
Мандатот според закон може да биде одземен доколку пратеник е осуден на казна затвор од најмалку шест месеци.
Инаку Шешељ кажа дека не се кае и дека би ги повторил и неколку пати овие воени злосторства.