Кој бил напаѓачот од Охајо?
Објавено во: Свет 29 Ноември, 2016
Директорката на американскиот департмент за јавна безбедност Моника Мол рече дека идентитетот на осомничениот, кој е мртов, е Абдул Разак Али Артан.
Претходно анонимен извор изјави за американските медиуми дека тој е роден во Сомалија и престојувал легално во САД.
Властите соопштија дека Артан го застрелал полицаец, откако со автомобил тргнал кон толпа луѓе, а потоа и со нож ги нападнал.
Девет лица се повредени, од кои еден е во критична состојба.
Артан се жалел на социјалните мрежи од малтретирање над муслиманите, соопшти Си Ен Ен, цитирана од ТАСС, истакнувајќи дека „органите на прогонот не ја исклучуваат можноста за терористичка трага во нападот".