29 Април, 2024
0.0254

Кој е високиот претставник од ЕБОР што ќе ја посети Македонија на 6 мај

Објавено во: Економија 03 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Еден ден пред посетата на папата во земјава, доаѓа висок претставник од  Европската банка за обнова и развој.

 Сер Сума Чакрабарти кој е претседател на ЕБОР на 6 мај ќе престојува во посета на нашата земја, во рамки на која ќе се сретне со владини претставници и претставници од бизнис заедницата.

Чакрабарти, како што е најавено, треба да се сретне со премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за финансии Драган Тевдовски, а ќе го посети и Скопје Сити Мол, првиот шопинг центар финансиран од ЕБОР во Северна Македонија.

Посетата на Чакрабарти, е во рамки на неговата регионална посета на Западен Балкан, која доаѓа како подготовка пред Годишното собрание на ЕБОР, кое се одржува следната недела во Сараево.

Од ЕБОР, информираат дека ова е прва посета на Чакрабарти по усвојувањето на новото име на земјата, кое Банката го гледа како позитивен чекор кон привлекување на инвестициите во регионот.

Претседателот на ЕБОР, се вели во соопштението, ќе ја потврди посветеноста на Банката во однос на натамошните инвестициите во земјата и на Западен Балкан, а ќе ја истакне и позицијата на Банката како стратешки партнер на Северна Македонија, која до денес е водечки институционален инвеститор со 1.9 милијарди евра во 150 проекти.

Банката со своите активности во Северна Македонија се фокусира на поддршка на конкурентен развој на приватниот сектор, зајакнување на безбедноста и одржливоста на енергијата, како и поддршка на поврзувањето и регионалната интеграција.

Минатата година ЕБОР ги интензивираше активностите на Западен Балкан, инвестирајќи над 1.1 милијарди евра во 67 проекти и планира да го задржи или за нијанса да го зголеми нивото на досегашните регионални инвестиции, се наведува во соопштението од ЕБОР. 


Можеби ќе ве интересира

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега