14 Мај, 2024
0.0277

КОЈ ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИК ЈА ЗЛОУПОТРЕБИЛ СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА, А КОЈ СЕГАШЕН НЕЗАКОНСКИ МЕНУВАЛ ДИРЕКТОРКА - еве што му дадоа антикорупционерите на Обвинителството

Објавено во: Македонија 07 Април, 2022

Добивај вести на Viber

Обвинителството веќе води две предистражни постапки по пријави кои до нив ги доставила Антикорупциската комисија.

Ова може да се види од извештајот за работењето на Државната комисија за спречување на корупцијата за минатата година, каде се наведени сите нивни пријави и иницијативи испратени до надлежните органи за можно коруптивно работење и однесување.

Станува збор за вкупно седум пријави, од кои за две веќе се водат предистражни постапки.

Еден од случаите за кој се води предистражна постапка е за поранешниот градоначалник на општина Гевгелија, кој со општината раководеше во периодот од 2017 до 2021 година. Покрај него, ДКСК до Обвинителството доставила пријави и за директор и в.д. директор на јавно претпријатие во таа општина, поради сомнение за сторени кривични дела. Инаку, во тој период градоначалник на општина Гевгелија беше Сашо Поцков.

„ДКСК во ноември лани до ОЈО Гевгелија доставила иницијативи против службени лица: директор на Јавното претпријатие за комунални дејности Комуналец - Гевгелија, вршител на должноста директор на Јавното претпријатие за комунални дејности Комуналец - Гевгелија во периодот од 12.02.2021 година до 01.03.2021 година и градоначалник на Општина Гевгелија од 2017 до 2021 година, поради постоење на основи на сомневање за сторено кривично дело од член 353 став 1 в.в. член 353-в односно за сторено кривично дело од член 353 став 1 од Кривичниот законик“, се вели во наводите на ДКСК.

Пртотив сите нив антикорупционерите доставиле иницијатива за поведување постапка за кривично гонење, а од ОЈО навеле дека се води предистражна постапка и ќе следи дополнително известување.

Член 353 (1) гласи дека „службено лице кое со искористување на својата службена положба или овластување, со пречекорување на границите на своето службено овластување или со неизвршување на својата службена должност ќе прибави за себе или за друг некаква корист или на друг ќе му нанесе штета, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години“.

Додека, пак, член 353 в се однесува на несовесно работење во службата и гласи дека „службено лице или одговорно лице во јавно претпријатие или јавна установа кое со повреда на законските прописи за судир на интересите или за совесно постапување при вршењето на дискреционо овластување, со пропуштање на должен надзор или на друг начин очигледно несовесно постапува во вршењето на своите овластувања и должности и со тоа ќе прибави за себе или за друг некаква корист или на друг ќе му нанесе штета, ќе се казни со затвор од три месеци до три години“.

Во октомври лани ДКСК доставиле пријава до ОЈО Скопје за одговорни лица во МВР, кои правеле злоупотреби заедно со управител и инструктор во автошкола.

Во краткиот опис на делото се наведува дека станува збор за злоупотреба на службените овластувања, од страна на одговорни лица вработени во одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, со цел стекнување корист од страна на друго физичко лице , вработен и управител на автошкола во Дебар, како и вработен во таа автошкола, кој во неа работел како инструктор, заради злоупотреба на нивната службена положба и овластувања и фалсификување исправи, со цел стекнување противправна корист за друго лице.

„Непознат претседател и член на испитната комисија за полагање сообраќаен испит за управување со моторно возило од Ц категорија, вработени во сообраќаен испитен центар Охрид, бидејќи на 21.01.2021 година во Дебар, овозможиле полагање на сообраќаен испит за управување со моторно возило од Ц категорија - градска, спротивно на основните законски услови за безбедност во сообраќајот“, се вели во еден од документите на ДКСК.

Од комисијата до Обвинителството доставиле иницијатива за кривично гонење на одговорни лица, и вработени во одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, како и други физички и правни лица. Од обвинителството веќе водат предистражна постапка, за што ќе следи дополнително известување.

Во декември лани, пак, до ОЈО за организоиран Скопје, ДКСК поднела иницијативи против службени лица - вработени во Агенцијата за катастар на недвижности, за сомневање за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 1 во врска со став 3 од Кривичниот законик, поради постапување спротивно на одредбите од Законот за катастар на недвижности.

Тие правеле сериознои малверзации, со кои оштетиле повеќе физички лица.

„Со тоа овозможиле непречено располагање со недвижен имот, запишување на товари во корист на трети лица, а со тоа и прибавување на имотна корист за правно лице (сега во стечај), сето тоа на штета на физички лица кои со правното лице имале склучено преддоговор за заедничка градба“, навеле од ДКСК, додавајќи дека нивните иницијативи се за поведување постапка за кривично гонење против вработени во Агенцијата за катастар на недвижности. Од Организиран, пак, само навеле дека постапката е во тек.

Јавноста, пак, веќе беше информирана за уште една иницијатива против поранешниот министер за култура. Ова беше „поради постоење на основи на сомневање за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 1 во врска со став 5 од Кривичниот законик, по однос на констатирани повреди на одредбите од Законот за буџетите и Законот за извршување на буџетот за 2020 година за склучување на договори и анекси на договори за доделување на средства на проекти на Годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес од областа на фолклорот, музичката и музичко-сценската дејност и интердисциплинарните проекти за 2020 година, вклучително и договори и анекси на договори склучени на 24 јули 2020 година“. За ова, ДКСК за поранешниот министер Хусни Исмаили бара кривично гонење, а и за него постапката е во тек.

ДКСК поднела иницијатива и до ОЈО Тетово, против градоначалникот на општина Боговиње во периодот од 2017 до 2021 година, но и актуелен градоначалник, а се однесува на именување на директорка во едно основно училиште.

„Иницијативата е против одговорно лице кое во својство на актуелен градоначалник на Општина Боговиње и кандидат за градоначалник на истата општина, со злоупотреба на службената положба и овластувања го прекршил предизборниот процес на локалните избори во 2021 година, со цел стекнување лична корист, односно, со злоупотреба на својата службена положба и овластувања, постапило спротивно на чл. 117 од Законот за основно образование и ги прекршило одредбите во чл. 8-а од Изборниот Законик, со што сторил изборни нерегуларности во текот на предизборниот процес на локалните избори во 2021 година, со цел стекнување лична корист во смисла на добивање нов градоначалнички мандат, а нанесувајќи штета на разрешената директорка и овозможувајќи стекнување незаконска корист на именуваната директорка за вршител на должност на погоре означеното основно училиште во Општината“, објаснуваат од ДКСК и велат дека иницијативата е за поведување постапка за кривично гонење против актуелен градоначалник на Општина Боговиње. И за ова фазата на процесот е дека постапката е во тек.

До ОЈО ГОКК е поднесена и иницијатива „против в.д директор на Јавна установа Младински културен центар, поради постоење на основи на сомневање за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 1 во врска со став 5 од истиот член и кривично дело „ Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ од член 275-в од Кривичниот законик, поради неприменување на одредбите од Законот за јавните набавки при објавување на Јавен повик за избор на ко-организатор на активностите за „Дочек на Новата 2020 година“ со што преку противзаконско располагање со средства обезбедени од буџетот на Град Скопје овозможил стекнување на корист на трети лица“.

И уште еден случај, повторно поднесена пријава до Организиран, за основи на сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од страна на службени лица кои со своето постапување/непостапување придонеле во 2012 година да се донесе детален урбанистички план (ДУП) неусогласен со генерален урбанистички план (ГУП) и да се реализира имотна корист кај сегашните сопственици на парцела која е дел од ДУП Ц08, по предмет оформен по сопствена иницијатива, а по допрен глас од медиуми по однос на објавени наводи во врска со постапката за изградба на висококатници на парцелата спроти „Холидеј Ин“ предвидена со детален урбанистички план на Општина Центар донесен во 2012 година

„Иницијативата е за поведување постапка за кривично гонење на повеќе службени лица и тоа: 1. градоначалник на општина Центар во период од 2009-2013, 2. градоначалник на општина Центар во период од 2013-2017, 3. раководител на Сектор за урбанизам во Општина Центар во периодот 2012, 4. раководител на Сектор за уредување на просторот во Министерството за транспорт и врски, 5. помошник раководител на сектор за планирање и уредување на просторот на Град Скопје, 6. дипломиран инженер архитект – овластен планер, 7. дипломиран инженер архитект – овластен планер и 8. овластеното лице на Правно лице ДПУП експорт - импорт Скопје“, навеле од ДКСК, а и за овој предмет, постапката е во тек. во тек

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бурни реакции откако Силјановска Давкова ја изостави „Северна“, Грција споменува и можност за вето

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бурни реакции откако Силјановска Давкова ја изостави „Северна“, Грција споменува и можност за вето

ДИК ОДЛУЧИ: Во Желино ќе има прегласување

ДИК ОДЛУЧИ: Во Желино ќе има прегласување

АРСОВСКА ДО ЏАФЕРИ: Не знам како функционира во Форино, ама во Скопје нема друг да ви го одржува дворот!

АРСОВСКА ДО ЏАФЕРИ: Не знам како функционира во Форино, ама во Скопје нема друг да ви го одржува дворот!

ЗАЕВ ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Непочитувањето носи одговорност, но и сериозни последици

ЗАЕВ ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Непочитувањето носи одговорност, но и сериозни последици

ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС: Советникoт од СДСМ, Кирил Гајдов си поднесе оставка

ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС: Советникoт од СДСМ, Кирил Гајдов си поднесе оставка

ВЕСЕЛА ЧЕРНЕВА: Teшко дека Северна Македонија ќе почне преговори со ЕУ

ВЕСЕЛА ЧЕРНЕВА: Teшко дека Северна Македонија ќе почне преговори со ЕУ

ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО: Малолетнички нападнале соученичка и ја снимале

ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО: Малолетнички нападнале соученичка и ја снимале

ГРЦИТЕ СЕ ЛУТИ: Дали ветото е на маса?

ГРЦИТЕ СЕ ЛУТИ: Дали ветото е на маса?

ТРАГЕДИЈА: Почина 14-годишно дете од Битола додека си играло на ливада

ТРАГЕДИЈА: Почина 14-годишно дете од Битола додека си играло на ливада