КОЈ ЌЕ ГИ ПЛАЌА ВРАБОТЕНИТЕ ШТО ЌЕ СЕДАТ ДОМА ЗАРАДИ КОРОНАВИРУСОТ - прашуваат германските компании
Објавено во: Македонија 12 Март, 2020 11:03
Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во земјава, вели дека коронавирусот има неповолни ефекти врз германската економија.
Германската комора за индустрија и трговија вчера ги објави резултатите од истражувањето за ефектите од вирусот корона врз германската економија. Резултатите од анкетата укажуваат на тоа дека ефектите од вирусот корона влијаат врз германската економија. Во меѓувреме се откажани саеми, манифестации, настани и патувања, а вработените се праќаат во карантин. Надворешната трговија, особено со Кина, изминатите неколку недели е во застој. Како резултат на вирусот корона скоро секоја втора компанија во Германија очекува намалување на продажбата во 2020 година. Покрај падот на продажбата, компаниите се соочуваат и со застој во оперативните процеси.
70 проценти од компаниите веќе презедоа заштитни мерки за своите вработени против вирусот корона. 60 проценти од компаниите имаат потреба да бидат информирани во однос на континуитетот на исплатата на плати. 45 проценти од компаниите не се чувствуваат подготвени за справување со заразени, но и со можни сомнителни случаи во компанијата. Од гледна точка на компаниите потребно е да се преземат конкретни мерки поврзани со економската политика со цел задржување на персоналот како и ликвидноста на компаниите.
Патрик Мартенс пишува дека на германските компании Владата ќе мора да им даде прецизни информации кој ќе треба да ги исплаќа платите на вработените кои ќе седат дома поради чување на своите мали деца што не одат на училиште, односно дали тоа ќе биде државата или ќе падне на товар на самите компании.
„Вчерашната конференција за медиуми на министерот за здравство Венко Филипче за актуелната криза со корона вирусот остави неколку отворени прашања кои предизвикаа несигурност кај локалните компании и мора да бидат решени во најкус рок. Не е јасно дали државата или компанијата ќе продолжи да ги исплаќа платите доколку вработениот отсуствува од работното место, доколку компанијата му понуди на членот на семејството флексибилно и поволно за семејството работно време или работа во смени. Отворено е и прашањето во врска со заканата за преземање на казнени мерки поради непочитување на мерките кое треба да се разгледа и од аспект на егзистенција на компаниите.
Во петок наутро ќе се сретнам со Заменичката на Претседателот на владата, задолжена за економски прашања, Мила Царовска и ќе разговараме за клучните прашања на стопанството. По средбата ќе Ве информирам за новите сознанија“, пишува Мартенс.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ВИДЕО: Се отстрануваат билбордите од скопската Железничка
Ја затворил во стан, ја принудувал на секс и барал кокаин со закани дека ќе ја убие: Истрага и притвор за 29 годишник од Неготино
ДАНИЛОВСКИ ПРЕДУПРЕДУВА НА НОВА ВАРИЈАНТА ОД ГРИПОТ А/H3N2: Што значи тоа за нас и како да превенираме?
Студени утра, топли денови: Погледнете ја прогнозата за следните денови
„Сити Аутсорсинг“ со демант за СДСМ: Немаме никаква врска со Ивица Томовски
„МЕЃУНАРОДНИОТ ПРИТИСОК ВРЗ СКОПЈЕ Е МНОГУ СИЛЕН“: Ташев вели дека Македонија има два плана против Бугарите
Најблиските соработници со честитки до Мицкоски: „Вашата визија инспирира и обединува“
Мицкоски: Права на Македонците во Пиринска Македонија, нечепкање на јазикот и идентитетот, па разговори со Бугарија





