08 Мај, 2024
0.0269

КОЈ ЌЕ ГО ЧУВА ВО СРБИЈА: Обрач од руски „духови“ - утре од агентите на Путин може да купите и овошје а да не сте свесни

Објавено во: Балкан 16 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин ќе престојува утре во официјална посета на Србија, а со него во соседната земја доаѓаат и луѓе кои се грижат за безбедноста на рускиот претседател, 30 најблиски обезбедувачи од Федералната служба за обезбедување. Путин ќе го чуваат и повеќе од 5 000 српски полицајци.

Инаку, специјалците на ФСО делуваат во најстрога тајност, а таа агенција е позатворена дури и од ФСБ која ја наследи познатата КГБ. Припадниците на ФСО често ги нарекуваат духови а медиумите изнесоа разни нагодувања за нив, вклучувајќи го и тоа дека во своите редови имаат двајца двојници на Путин.

FOTO: EPA

Интересно е тоа дека за тие луѓе никогаш не би претпоставиле со што се занимаваат, а би можеле да бидат и трговци, продавачи на овошје.

Меѓу оние кои се грижат за Путин се високоистренирани командоси, за кои ниту нивните семејства не знаат со што се занимаваат, стотина агенти, лично обезбедување , персонал и личности со специјални задачи, како готвачи и дегустатори на храна.

Повеќето од тие луѓе се целосно невидливи дури и кога Путин оди во официјална посета на некоја земја, бидејќи многумина од нив заминуваат таму и по неколку месеци претходно го испитуваат теренот.

Долж патеката по која ќе помине Путин, освен униформирани полицајци, ќе бидат распоредени и 500 припадници на српското МВР во цивилка, како и 250 агенти на БИА. Целата патека по пат ќе ја обезбедуваат снајперисти кои ќе следат можни опасности по рускиот државник.

FOTO: AP

Интересно е дека изгледот на обезбедувањето на Путин е строго пропишан и тие мора да бидат барем 20 цм повисоки од него, но истовремено да не бидат упадливи.

Авионот на Путин низ воздушниот простор на Србија до аеродромот Никола Тесла ќе го обезбедуваат „миговите“ на Војската на Србија. Според протоколот, на аеродромот ќе го дочека претседателот Александар Вучиќ, па двајцата претседатели би требало заедно да се упатат на местото каде почиваат ослободувачите на Белград.

После тоа, на Путин ќе му биде приреден свечен дочек пред Палатата „Србија“, со гарда и интонирање на химните на двете земји. На патот до салата за состаноци, рускиот претседател во друштво на српските колеги ќе ја посети изложбата на „Српско-руските врски во документите на Архивите на Србија од 1804 до 1918 година“.

Посетата би требало да биде завршена со обиколка на Храмот Севета Сава каде на Путин и Вучиќ ќе им се придружи и патријархот Иринеј.


Foto: EPA


Можеби ќе ве интересира

БИЛ ВО ЗАТВОРОТ ВО НИШ: Зошто Курти не сакал да си замине?

БИЛ ВО ЗАТВОРОТ ВО НИШ: Зошто Курти не сакал да си замине?

(ВИДЕО) АЈКУЛИ ВО ПЛИТКОТО: Снимени се во две грчки летувалишта

(ВИДЕО) АЈКУЛИ ВО ПЛИТКОТО: Снимени се во две грчки летувалишта

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

Франција побара Советот на Европа да ја одложи одлуката за членство на Косово

Франција побара Советот на Европа да ја одложи одлуката за членство на Косово

АГОНИЈА НА СРПСКИ ТУРИСТИ НА ВРАЌАЊЕ ОД ГРЦИЈА Водичот им ги одзел пасошите, намерно оставил девојка на граница, па им се заканувал

АГОНИЈА НА СРПСКИ ТУРИСТИ НА ВРАЌАЊЕ ОД ГРЦИЈА Водичот им ги одзел пасошите, намерно оставил девојка на граница, па им се заканувал

„ПОТВРДА НА НАЈВИСОКИТЕ ОДНОСИ“ - еве ги трите главни причини зошто Си Џинпинг доаѓа во Белград

„ПОТВРДА НА НАЈВИСОКИТЕ ОДНОСИ“ - еве ги трите главни причини зошто Си Џинпинг доаѓа во Белград

ТИТОВИОТ ГИГАНТ ПОВТОРНО ПРОДАВА ИМОТ: Покрај зградата се продава и канцелариски мебел и сето тоа по багателна цена

ТИТОВИОТ ГИГАНТ ПОВТОРНО ПРОДАВА ИМОТ: Покрај зградата се продава и канцелариски мебел и сето тоа по багателна цена

„ДЕНЕСКА ПРЕСТАНУВАМ ДА ПИШУВАМ, БИДЕЈЌИ ЌЕ СЕ ПОСВЕТАМ НА ЛЕКУВАЊЕТО“ - Ведрана Рудан има рак, веста ја објави на својот блог

„ДЕНЕСКА ПРЕСТАНУВАМ ДА ПИШУВАМ, БИДЕЈЌИ ЌЕ СЕ ПОСВЕТАМ НА ЛЕКУВАЊЕТО“ - Ведрана Рудан има рак, веста ја објави на својот блог

„ДЕНЕСКА ТРЕБАШЕ ДА ЈА ДУВАМЕ СВЕЌАТА НА ТВОЈОТ ВТОР РОДЕНДЕН, НАШЕ НАЈМИЛО МАЛЕЧКО“ - таткото на Данка со потресна порака

„ДЕНЕСКА ТРЕБАШЕ ДА ЈА ДУВАМЕ СВЕЌАТА НА ТВОЈОТ ВТОР РОДЕНДЕН, НАШЕ НАЈМИЛО МАЛЕЧКО“ - таткото на Данка со потресна порака