Кој ќе управува со „Дрисла“
Објавено во: Македонија 11 Јуни, 2019
Советот
на Град Скопје на денешната седница одлучи депонијата „Дрисла“да добие нов
концесионер.
За еден месец треба да се потпише договорот со германската компанија „Шолц“.
Од Град Скопје велат дека оваа одлука следува по судската пресуда на Вишиот управен суд.
„ Со ваквата одлука се овозможува да се стави крај на агонијата на граѓаните на Скопје со депонијата „Дрисла“ и се создава можност за започнување процес на инвестиции и модернизација на депонијата „Дрисла“, која во иднина ќе прерасне во модерна депонија во која ќе се одложува и третира отпадот по највисоки светски стандарди “, пишува во соопштението.
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека треба да се распише нов избор на концесионер и затоа за време на гласањето тие беа воздржани.
Инаку, Град Скопје имаше договор со италјанската фирма „ФЦЛ Амбиенте“ за „Дрисла“, но градот го раскина договорот.