ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката
Објавено во: Македонија 26 Април, 2024 11:16
Синоќа пукнала парна цевка на Клиниката за токсикологија при Клинички центар и час и половина течела вода од радијаторот, по што просториите на третиот кат биле поплавени, но водата продолжила да тече надолу кон подрум, објави Слободен печат.
За ваква несреќа пред неколку дена предупредил вработен на Клиниката за токсикологија, кој преку допис упатен до медиумот предупредил дека Клиниката за токсикологија не е осигурана. Според информациите на медиумот, медицинскиот директор д-р Данил Петровски се потпишал на клиниката да биде осигурана, но економскиот директор Бесија Иљази не го дала обврзувачкиот потпис за решението, па клиниката не е осигурана.
„Клиниката нема спроведено постапка за осигурување на имот, осигурување на скапа медицинска опрема и осигурување од лекарска грешка, бидејќи в.д. месеци, иако за Тоа сме обврзани со закон“, се вели во реакцијата на вработените во Токсикологија.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




