КОЈ МОЖЕЛ ДА СТОРИ ТАКВО НЕШТО: Скршена таблата за струја на модуларната болница во Прилеп каде сега има 17 пациенти
Објавено во: Македонија 19 Септември, 2021
Од Општа болница Прилеп пријавиле во полиција синоќа дека е оштетена таблата за електрична енергија од модуларната болница. Од болницата велат дека дошло до физичко оштетување, а обезбедувањето забележило дека таблата од надворешната страна на болницата е отворена со хебла и го известиле електричарот од болницата, а веднаш била повикана и полиција.
„Струјата во модуларната болница е во функција, бидејќи надворешната табла не врши дотур на електрична енергија на опремата во болницата. Во модуларната болница има хоспитализирано 17 пациенти, вандализмот не довел да се загрози животот на пациентите. Министерството за здравство апелира до надлежните институции за што побрзо расчистување на случајот, стои во соопштението од Министерството за здравство.