Кој му спремал атентат на Мадуро?
Објавено во: Свет 07 Август, 2019
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро, изјавил дека има докази дека советникот на американскиот претседател за национална безбедност, Џон Болтон, дал одобрение за атентат над него.
Тој нагласил дека постојат и сведоци дека Болтон и поранешниот претседател на Колумбија, Хуан Мануел Сантос му наредиле на опозиционерот Хулио Берхес да го убие Мадуро.
„Мина една година од обидот за државен удар. Денес имам докази дека убиството го нарачал Џон Болтон од Белата куќа", изјавил Мадуро за државната телевизија.
Но, вели дека засега не може да го обвини претседателот, Доналд Трамп за атентатот.