08 Мај, 2024
0.0265

Кој пали и гаси на македонскиот банкарски пазар?

Објавено во: Економија 11 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Вкупната актива на 15 деловни банки (вклучително и државно поседуваната Развојна банка н.з.) лани пораснала за 761 милиони евра односно за 9,3 отсто во споредба со 2018 година, покажуваат официјални јавно достапни податоци за банкарскиот сектор. Македонските банкари генерално можат да бидат задоволни од растот лани што го потврдуваат и бројките.

Во големата петорка нема промени во рангирањето во споредба со 2018 година. Најголема домашна банка останува Комерцијална банка. Нејзината актива на крајот на 2019 година достигна 2 милијарди евра и во споредба со 2018 година е поголема за 140 милиони евра односно за 7,5 отсто.
Стопанска банка Скопје останува второрангирана според активата која лани достигна 1,62 милијарди евра и во споредба со претходната година е зголемена за 130 милиони евра односно за 8,7 отсто. Нејзниот најголем конкурент останува НЛБ Банка треторангирана со вкупна актива од 1,44 милијарди евра на крајот на 2019 година и нејзин раст за 111 милиони евра односно за 8,3 отсто.
Во големата петорка и лани се Халк банка и Охридска банка. Турската банка лани ја заврши годината со актива вредна 933,5 милиони евра што е за 166,5 милиони евра повеќе од 2018 година. Од аспект на раст на актива во апсолутен износ Халкбанка лани била број еден односно најбрзо растечка банка на македонскиот банкарски пазар. Изразен во проценти растот е 21,7 отсто. Охридска банка останува на петтото место со актива од 689 милиони евра што е за 45,3 милиони евра односно 7 отсто повеќе од 2018 година.

Во групата на големи – средни банки исто така нема измени. Во тројката ривали најголем од аспект на активата останува Прокредит банка пред Шпаркасе банка и  УНИ Банка. Ланската година активата на Прокредит банка вреди 492 милиони евра и бележи раст од 32 милиони евра односно 6,9 отсто. Во оваа група најголем раст на активата во апсолутен износ книжи Шпаркасе банка чија актива достигна 399 милиони евра и пораснала за 51 милиони евра во однос на претходната година односно е зголемена за 14,7 отсто. УНИ Банка ја заврши ланската година со актива вредна 369 милиони евра што е за 39 милиони евра односно 11,8 отсто раст.

Во групата на средни мали банки се: Стопанска банка Битола, Еуростандард банка и ЦКБ банка. Битолската банка бележи значаен прогрес зашто нејзината актива е зголемена за 37,9 милиони евра до износ од 205 милиони евра односно книжи раст од 22,5 отсто што е втор најдобар резултат по Халк банка. Воедно битолската банка е единствена во оваа група со актива што надминува 200 милиони евра. Еуростандард е единствена банка која бележи намалување на активата лани. Таа изнесува 160,9 милиони евра и е за 31,1 милиони евра помала од претходната 2018 година. ЦКБ ја пројде Еуростандард банка според износот на актива и таа лани достигна 171,8 милиони евра и бележи раст од 14,5 отсто.

Во групата мали банки остануваат ТТК Банка, Силкроуд банка и најмалата Капитал банка. Најголема од нив според активата останува да биде ТТК Банка. Лани нејзината актива достигна 144 милиони евра и бележи раст за 9 милиони евра односно 6,7 отсто во споредба со 2018 година. Силкроуд банка има најголем раст на актива во својата конкуренција. Таа пораснала за 9 милиони евра односно за 8,8 отсто и достигнала вредност од 111 милиони евра. Капитал банка годината ја заврши со актива од 43,9 милиони евра и таа е поголема за 4,9 милиони евра односно за 12,6 отсто во однос на 2018 година. Од тој аспект најмалата банка има најголем процентуален раст во однос на својата конкуренција и единствена со двоцифрен раст (во проценти) во однос на двете поголеми банки.


Р. Ф.

Можеби ќе ве интересира

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката