Кој според Шешељ е виновен за убиството на Ивановиќ?
Објавено во: Балкан 16 Јануари, 2018
Лидерот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ ги обвини западните специјални служби за убиството на лидерот на косовските Срби, Оливер Ивановиќ.
„Мислам дека убијците на Ивановиќ нема да бидат пронајдени, бидејќи сум сигурен оти во убиството се вмешани западните разузнавачки служби и тоа е почеток на нова американска иницијатива на Балканот“- изјави Шешељ за руската телевизија „Русија 24“.
Оливер Ивановиќ е убиен утринава во Косовска Митровица пред канцеларијата на неговата партија Граѓанска иницијатива „Слобода, демократија, правда“.
Главниот обвинител на Основното јавно обвинителство на Митровица, Шикири Сула, изјави дека обвинителството почнало истрага за убиството на Оливер Ивановиќ, лидер на партијата „Србија, демократија, правда“.
Во истрагата се вклучени двајца обвинители, еден Албанец и еден Србин.
Засега нема осомничен за убиството.