05 Мај, 2024
0.0288

Кој, среде корона криза, ќе плати 1,3 милиони евра за да купи хотел во Дојран?

Објавено во: Економија 20 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Велат ризикот создава капитал, а најдобрите бизниси се прават во тешки времиња. Особено сега кога хотелската индустрија е силно удрена од корона кризата „ноу нејм“ фирма за нашата јавност во директна спогодба нуди 1,3 милиони евра да купи хотел во Дојран кој не е во функција! Зделката ќе се официјалира ако одлуката ја усвојат акционерите на „Бетон Скопје“ градежна компанија која за првата половина годинава оствари загуба од 3,8 милиони евра

„Репро 21“ ДООЕЛ, е спремен да плати 1,3 милиони евра (со вклучен ДДВ) за да го купи хотелот на „Бетон Скопје“ во Стар Дојран. Оваа одлука ја предлага менаџментот на друштвото за претстојното акционерско собрание на „Бетон“ Скопје закажано за 18 октомври годинава.

Хотелот на „Бетон“ се наоѓа во срцето на туристичкиот центар на Стар Дојран кај општината во непосредна близина на шеталиштето и градската плажа. Овој хотелски капацитет не работи. Интересот на оваа компанија, која неофицијално е фирма ќерка на „Репро Оне“ акционер во „Бетон“, за овој хотел не треба да зачудува. Со оглед на зголемениот обем на инвестиции на Општина Дојран во туристичката инфраструктура на ова турстичко место, особено годинава кога општината од фондовите на Европската унија доби 1,5 милиони евра за развој на туризмот и прекуграничната соработка. Можеби е добра зделка од аспект на тоа што побарувачката за хотелско сместување во Дојран во континуитет расте, а понудата се состои од седум хотели од кои само четири нудат сместување оваа сезона.

За оваа продажба пресудно ќе биде гласањето на: „Репро Оне Лимитед“ кој поседува 22,2 отсто од акциите, „Волс Трејдинг Корп“ со 21 отсто од акциите и „Ароуцрест ЛТД“ со 20 отсто, трите најголеми акционери во скопската градежна компанија, сите регистрирани и со седишта во оф-шор деловна зона. 

Во предлог одлуките кои се на гласање за претстојното собрание нема образложение од кои причини „Бетон Скопје“ ќе продава свои хотели од кои еден е во Дојран, еден во Охрид и два во Скопје од кои едниот е објект во изградба и за овие објекти компанијата ќе објави огласи за продажба.

„Бетон Скопје“ минатата година ја заврши со загуба во работењето од 9,4 милиони денари. Во првото полугодие годинава „Бетон“ книжи пад на приходите од продажба од 40 отсто во однос на истиот период лани и загуба од 3,77 милиони евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години