Која е девојката која е убиена денеска во Ерусалим?
Објавено во: Свет 14 Април, 2017
Британска државјанка денеска е убиена во напад со нож во стариот дел на Ерусалим.
Од израелската итна медицинска помош „Црвен Давидов штит“, информираат дека жената била прободена неколку пати додека патувала со трамвај. Таа веднаш била пренесена во болница, каде што починала од повредите. Уште една бремена жена е повредена кога возот застанал на станицата за време на нападот, а еден човек е повреден бегајќи од напаѓачот. Мажот кој го изврши нападот е уапсен. Локалните медиуми јавуваат дека напаѓачот е ментално болен 57 годишен човек од источниот дел на Ерусалим. Нападот се случи пред утрешниот Свет оган во Ерусалим кога се очекуваат илјадници христијански верници во градот.