КОЈА Е ПРИЧИНАТА: Грци блокирале албански конвој
Објавено во: Балкан 03 Јуни, 2017
Властите во Грција тврдат дека членови на Комунистичката партија во знак на протест со часови блокирале северен автопат за да спречат албански воен конвој да отпатува кон вежба на НАТО во Романија.
Десетици демонстранти повеќе од четири часа стопирале 19 воени возила да поминат низ пункт на патарина во близина на северниот грчки град Кожани во петокот.
Демонстрантите ги пуштале да поминат сите други возила, држејќи банер „НАТО-убијци, одете си дома“.
Албанскиот конвој, составен од воени камиони и автобуси, заминал по друг пат.
Генералштабот на албанската армија во соопштението вели дека војниците се упатиле „кон крајната дестинација“. Околу 2.000 војници и повеќе од 500 возила се упатени кон областа за обука Цинцу во централна Романија за вежбата „Благороден скок“ на Алијансата.
„Сите војници се во добра здравствена состојба и се строго обезбедени, придружени од грчките воени и цивилни власти“- стои во соопштението испратено до Асошиетед прес.
Држави учеснички се Велика Британија, Германија, Холандија, Шпанија, Полска, Норвешка и Албанија.