19 Декември, 2025
0.0438

Кое министерство и која општина возат најскапи возила

Објавено во: Економија 18 Октомври, 2018 13:08

Добивај вести на Viber

Министерствата и општините имаат 2.645 автомобили. Министерствата имаат 2.215 возила вредни 27,2 милиони евра, додека општините имаат 430 возила во вредност од 5,7 милиони евра.

Ова го покажува податоците на Центарот за граѓански комуникации кои денеска ги објавија.

Во соопштението наведуваат дека за 2.008 возила набавната вредност е  33 милиони евра, додека за 637 патнички возила институциите немаат доставено податоци за набавната вредност.

- И централната и локалната власт најмногу возат возила од марките  „шкода“, „фолксваген“ и „форд“. Сепак, сите пет најскапи возила се „мерцедес“ купени од министерствата за внатрешни работи (572.780 евра), за надворешни работи (81.301 евра) и за финансии (76.768 евра), како и општините Свети Николе (77.839 евра) и Кавадарци (70.075 евра),  наведуваат од Центарот за граѓански комуникации.

Изворните податоци се обезбедени преку 97 институции. Од Центарот за граѓански комуникации посочуват дека биле потребни повеќе од три месеци само да се приберат информациите што, како што наведуваат, говори за ниското ниво на отчетност и воопшто на прецизна евиденција за имотот со кој се располага.

Оваа база на податоци, стои во соопштението, е дел од предвидените десет истражувања и бази на податоци за трошењето на јавните пари кои ќе се реализираат во рамки на проектот Јавно трошење за јавно добро, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Целта на проектот што го спроведува ЦГК е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста


Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии