26 Април, 2024
0.0343

Колапс на системот на Комерцијална банка, најмногу поплаки за немањето увид во сметката

Објавено во: Финансии 26 Јули, 2019

Добивај вести на Viber


Комерцијална Банка вече втор ден ги надминува проблемите со колапсот на системот со платежните картички и терминалите, по што загрижените граѓани и натаму реагираат дека не можат да си ги извршат секојдневните обврски, односно да подигнат плата или да платат сметка. Клиентите најмногу реагираат на нефункционирањето на електронското банкарство и увидот на сметките, штедни влогови или картичките преку мобилната апликација. Има и реакции на загрижени граѓани за безбедноста на сметките, но од страна на банката смируваат дека сметките се целосно безбедни.

Последното соопштение од оваа банка е клиентите да не потпаѓаат под влијание, како што велат од таму, на лажните вести кои се шират на социјалните мрежи и дека пари стигнуваат на денарските готовински сметки за физички и правни лица.

„Ве известуваме дека преку мрежата на филијали и експозитури на Комерцијална банка АД Скопје може да се вршат готовински трансакции за правни и физички лица. Исто така, потсетуваме дека сите банкомати на Банката се во функција, а со картичките на Банката може да се вршат и трансакции во трговија во земјата и во странство.
Со почит, Комерцијална банка“, соопштуваат од таму.

Поради технички проблем не беа достапни сервисите така што со картичките издадени од Банката не можеше да се вршат трансакции на сите банкомати на банката и во трговија во земјата и во странство. 

Од Народна банка, која го контролира работењето на приватните кредитори, до објавата на оваа вест не одговорија на нашите прашања како може ова да се случи, зошто банката нема заштита и кои се ризиците. 

Можеби ќе ве интересира

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат