08 Мај, 2024
0.0232

Колкава е буџетската инфузија кон ПИОМ: За пензиите се користеле и позајмици

Објавено во: Економија 22 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Вкупно 478 милиони евра префрлила Владата од државниот буџет кон Фондот за ПИОМ, во цела мината година. Парите се за редовна исплата на пензиите, а според завршната сметка на државниот фонд, сепак и покрај трансферите, ПИОМ речиси секој месец позајмувал и дополнителни пари од буџетот кои потоа редовно ги враќал.

Според податоците, околу пет милиони евра биле пари кои се за исплата на редовните обврски остварени под поповолни услови, воени и земјоделски пензии. Над 315 милиони евра се префрлени буквално за покривање на дефицитот на ПИОМ, а по помали суми се парите исплатени како транзициони трошоци, тие за покривање на бањската рекреација на пензионерите и за воените пензии, средства кои се префрлуваат од Министерството за одбрана.

Инаку приходите кои државниот Фонд се префлуваат од буџетот се дури половина од неговите вкупните приходи. Во извештајот стои дека парите секогаш се префлувале пред исплатата на пензиите за да не биде доведено во прашање редовното сервисирање на обврските на фондот.

Што се однесува до позајмиците од завршната сметка се гледа дека ПИОМ позајмувал пари секој месец

Најголем износ е позајмен во месец мај или 550 милиони денари. Другите месеци позајмиците изнесуваат од 200 до 450 милиони денари или во порсек ПИОМ од државниот буџет позајмувал во просек по 329 милиони денари.

Покривањето на дупката во ПИОМ е стара рана на македонскиот пензиски систем, а Владата минатат година најави реформа која се спроведува  од годинава и која треба да придонесе за намалување на зависоноста на државниот фонд од буџетот. дел од межународните експерти и институции препорачуваат зголемување на старосната граница за пензионирање.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката