28 Април, 2024
0.0290

Колку девизи донесе извозот на македонски мермер за пола година?

Објавено во: Економија 15 Август, 2017

Добивај вести на Viber

За половина година вредноста на извозот на македонски мермер изнесува 12 милиони евра! Тоа е двојно повеќе од вредноста на извозот лани. Очигледно дека грчките газди знаат одлично како да продадат квалитетен производ – „македонскиот сивец“!

Прилепскиот Мермерен комбинат во првата половина од годинава  оствари приходи од продажба во вредност од 757,4 милиони денари (околу 12,27 милиони евра) и тоа претставува раст на приходите од продажба за 120 отсто во споредба со истиот период лани, покажуваат официјалните податоци од билансите што ги објави таа компанија деновиве на информативниот сервис на Македонската берза за хартии од вредност.

Прилепската компанија, која е во доминантна сопственост на две грчки правни лица, а беше продадена пред безмалку дваесетина години, во првите шест месеци направи фантастичен резултат со тоа што ги зголеми приходите од продажба за 120 отсто, а дури 740 милиони денари или над 95 отсто од сите приходи ги оствари од продажба на македонскиот мермер на странски пазари.

Оперативната добивка на „Мермерен комбинат“ порасна за 10 пати!

Во првото полугодие лани приходите од продажба биле помали од 6 милиони евра, а годинава тие изнесуваат 12,27 милиони евра. Во овие услови оперативната добивка на компанијата изнесува 333 милиони денари односно над 5 милиони евра! Во однос на истиот период лани оперативната добивка на компанијата пораснала за 10 пати.
Овој фантастичен раст на оперативната добивка во суштина е резултат на големиот раст на приходите кој е проследен со минимален раст на трошоците од работењето на компанијата во споредба со истиот период лани. Трошокот за вработени кој е најголема расходна ставка пораснал за 12 милиони денари односно за 12 отсто, а трошокот за суровини и други материјали пораснал за помалку од 8 милиони денари односно 8 отсто. Најголем скок има кај ставката останати расходи од работење која бележи раст од 19 милиони денари до ниво од 69 милиони денари.

На крај, нето добивката на компанијата е 290,7 милиони денари и таа е 38,4 отсто од приходите од продажба.

Обврските за кредити пораснале за околу 3,2 милиони евра!

Билансот на состојба покажува дека компанијата покрај добриот приходен резултат има значајно задолжување во споредба со истиот период лани. Долгорочните кредити пораснале од 3 милиони евра на 6 милиони евра. Краткорочните обврски по кредити на „Мермерен комбинат“ изнесуваат безмалку 1 милиони евра и се повисоки за 200.000 евра во споредба со лани. Заедно со ова мора да се каже дека компанијата ги зголемила и своите останати побарувања за 80,9 милиони денари, а побарувањата од купувачите се на исто ниво како и лани.

Значајно да се истакне од билансот на состојба е тоа што компанијата ги зголемила своите резерви за 260 милиони денари односно за безмалку 10 пати во однос на истиот период лани.  За сметка на тоа акумулираната добивка на компанијата во однос на лани е намалена за 207 милиони денари.

„Мермерен комбинат“ лани исплати 8 милиони евра дивиденда

Главни акционери во прилепскиот комбинат се грчката компанија „Стоун воркс холдинг кооператив„ со 88 отсто од акциите и грчката банка „Пиреус“ со 10 отсто од акциите. Вкупно 90 домашни физички лица поседуваат 1,12 отсто од акциите кои има донесоа дивиденда од 80.000 евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка