03 Мај, 2024
0.0281

Колку должиме на банките? Граѓаните се задолжуваат со галоп, а фирмите одвај со кас!

Објавено во: Финансии 25 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Кредитната изложеноста на граѓаните кон банките за една година пораснала за 130 милиони евра и достигнала 1,93 милијарди евра на крајот на септември 2016 година. Од поечток на 2014 година до крај на септември 2016 година Македонците се задолжиле за 447 милиони евра!

Кредитната изложеност на македонските граѓани на крајот на септември лани изнесувала 119,32 милијарди денари односно (1,93 милијарди евра) и во споредба со истиот период во 2015 година е поголема за 8,02 милијарди денари (130 милиони евра)  што е раст од 7 отсто, покажуваат официјалните податоци од билансот на останати депозитини институции објавен деновиве на интернет страницата. 
Динамиката на раст на кредитите на граѓанскиот сектор во првите девет месеци лани особено бележи раст од вториот кон третиот квартал. Имено во периодот од крајот на јуни до крајот на септември македонските граѓани извадиле 2,145 милијарди денари нови кредитни задолжувања кон домашните банки. Тоа се нови 34,76 милиони евра за период од 90 дена. Со кои нивото на задолженост на граѓаните достигнува ниво од 119,32 милијарди денари. Во споредба со крајот на 2015 година задолжувањето на граѓаните се зголемило за 5,2 милијарди денари. 

Лудило! За две години граѓаните се задолжиле за 20 милијарди денари!!!

Официјалната статистика на централната банка покажува податоци од кои секој економист ќе се замисли! Задолжувањето на граѓаните кај домашните банки во период од две години пораснало за над 20 милијарди денари односно за 324 милиони евра!!! Дали се ова продуктивни задолжувања наменети за вложувања? Или се задолжувања кои всушност го стимулираат трговскиот дефицит на нашата земја преку стимулирање на приватната потрошувачка на стоки и услуги од кои најголем дел се од увоз??? И како ова втрово ќе влијае врз нашата економија? Прашање за економските експерти...
Да се вратиме на податоците: уште посилен впечаток остава податокот дека за период од 2 години и 9 месеци македонските граѓаните се задолжиле за половина милијарда евра поточно за 447 милиони евра!

Фирмите се задолжуваат каскајќи Наспроти ова домашните компании и малиот бизнис бележат тренд на задолжување но тој е значително со послаб интензитет во однос на „фуријата“ на граѓанскиот сектор. Податоците покажуваат дека на крајот на септември лани нивото на кредитна изложеност на фирмите е 102,94 милијарди денари, а во споредба со крајот на 2015 година таа се намалила за нешто помалку од 5 милијарди денари. Задложувањето на фирмите во 2016 година, во првите три квартали, бележи контиунирано намалување, според податоците од централната банка. Во првиот квартал било 106,35 милијарди денари, во второт квартал е 103,3 милијарди денари, а во третиот квартал изнесува 102,94 милијарди денари.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција