20 Декември, 2025
0.2218

Колку храна можете да купите за пет долари ширум светот

Објавено во: Свет 24 Април, 2013 10:02

Добивај вести на Viber

Порталот buzzfeed.com направи истражување колку храна во различни држави може да се купи за пет долари.

Споредувани се цените на бананите, кафето, телешкото, пивото и другите намирници, а меѓу државите се и Италија, Шведска, Етиопија, САД и Кина.

Па така за пет долари во Австралија можете да купите 6,6 килограми банани. За истите пари во Франција би добиле 11 килограми, а во Америка 18,7 килограми банани.

Ако го сакате ова јужно овошје дефинитивно со пет долари треба да одите во Етиопија, каде можете да купите дури 55 килограми банани.

Љубителите на кафе за пет долари во Италија можат да купат 1,1 килограм кафе, во САД 1,7 килограми, а во Франција 2,2 килограми. Сепак, за пет долари најмногу ќе се напиете кафе во Индија, каде за овие пари можете да пазарите дури 3,3 килограми кафе.

За пет долари нема баш да се најадете во Мек Доналдс, независно во која земја се наоѓате. Па така во Австралија ќе изедете еден „биг мек“ во САД 1,15, во Јапонија 1,5, а во Русија два биг мека.

Сепак, за тие пари ќе останете сигурно гладни во Шведска, затоа што таму нема да можете да купите ниту еден цел биг мек, туку само 0,65 отсто од него.

За пет долари во Јапонија можете да купите 4,4 килограми ориз, во САД 15,4 килограми, а во Кина дури 26 килограми ориз. Меѓутоа, тоа не е најголемата количина ориз која можете да ја добиете за пет долари, затоа што во Авганистан ќе купите дури 31 килограм ориз за тие пари.

Кога компирот е во прашање, најскап е во Обединетото Кралство затоа што за пет долари можете да купите 12 килограми. Малку поевтино е во САД каде би добиле 17 килограми.

Речиси без пари е во Етиопија, каде за пет долари можете да купите 68 килограми компири.

Можеби ќе ве интересира

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот