02 Мај, 2024
0.0263

КОЛКУ И КАКВИ ДАНОЦИ ЌЕ ПЛАЌАМЕ ВО СЛЕДНИТЕ ПЕТ ГОДИНИ - власта пак крои план со бизнисмените, но не се откажува од праведност

Објавено во: Финансии 16 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Власта ги викна на дебата сите засегнати чинители, меѓу кои и од бизнис секторот, заедно да го разгледуваат новиот петгодишен план за реформи во даночниот систем. Една од темите била и како да се обезбеди праведност на даноците.

Министерот за финансии Фатмир Бисими разговараше со бизнисмени, експерти и невладини, за тоа како да се обезбеди даночен систем кој ќе поттикне инвестиции и иновации а со тоа и економски раст, поголема даночна одговорност, односно подигнување на свеста за потребата за плаќање даноци, повисока даночна транспарентност, поголем квалитет на услугите, како и дигитализација и зелено даночење.

Сето тоа се приоритети на петгодишната Стратегија за реформа на даночниот систем, за која денеска се дискутирало со сите засегнати чинители во Министерството за финансии. 

Министерот Бесими рекол дека ковид-кризата носи голема доза на неизвесност, но сепак неизвесноста и ризикот може да се намалат доколку се идентификуваат сите можни сценарија и да се подготви соодветен одговор на нив. 

„Стратегијата за реформа на даночниот систем е составен дел на пошироката среднорочна политика на забрзан раст. Таа ги утврдува генералните насоки за реализација на приходната страна на буџетот и внимателно дизајнирање на даночното оптоварување. Како да постигнеме некои од суштинските цели, односно намалување на неформалната економија, намалување на економската нееднаквост, надминување на тешкотиите во собирањето на јавни приходи, адресирање на софистицираните техники за избегнување и затајување на даночните обврски, како и одговор на предизвиците за заштита на животната средина и новите технологии и воопшто креирање на даночен систем кој ќе ги поддржи инвестициите и иновациите, а со тоа и економската актовност и забрзан раст.  Целта на оваа Стратегија - во синергија со другите стратегии и политики -  е да понуди одржливи решенија за овие проблеми “, рекол Бесими. 

Од аспект на поголема праведност во оданочувањето на дискусијата беше посочено дека главниот фокус ќе биде воспоставување вертикална праведност. 

Исто така, беше истакната потребата од зголемување на свеста на даночните обврзници да ја исполнуваат својата обврска како и бенефитите од истото.

Можеби ќе ве интересира

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција