12 Мај, 2024
0.0246

Колку ќе платиме за горивото на военото воздухопловство?

Објавено во: Економија 14 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Половина милион евра (без ДДВ и акциза) за нешто повеќе од 700.000 литри гориво ќе потроши Министерството за одбрана за своите 20 воздухоплови во период од една година до август 2019 година

Министерството за одбрана ќе потроши половина милион евра за да набави гориво за воените воздухоплови (авиони и хеликоптери на АРМ), предвивува договорот што ресорот што го води Радмила Шеќеринска го склучи минатата среда со „Макпетрол“ компанијата која била единствен понудувач на тендерот.

Министерството за одбрана ќе набави два типа на гориво. Првиот тип е млазно гориво со спецификација ГМ -1(ЈЕТ –А1) и тоа за 480.000 евра без ДДВ и без акциза. Вториот тип на гориво е авионски бензин од типот АБ 100/130 (avgas 110LL) за што Министерството за одбрана ќе потроши околу 20.000 евра. 

Цената на литар млазно гориво е 45,68 денари без ДДВ и акциза. Цената на авионското гориво е 59,67 денари без ДДВ.

Во тендерската документација пишува дека цената на горивата е берзанска и променлива што значи дека зависи од промените на цените на нафтените деривати на светскиот пазар.

„Макпетрол“ е должен горивото по нарачка да го достави до аеродромите во Скопје и во Охрид. Од првиот тип гориво односно од млазното гориво Министерството за одбрана ќе набави 700.000 литри, а од авионскиот бензин 15.000 литри.

Со каква ескадрила располага Воздухопловната бригада?

Во својата структура, според податоци достапни на Википедија, македонската воена авијација е поделена на два сквадрони од кои првиот е составен од борбени хелихоптери и се вика „Ноќни молњи“, а вториот е составен од транспортни хелихоптери и се вика „Букефал“. Во структурата на ВИНГ има и центар за обука на пилоти, флајт за обука и тренинг „Колибри“, свадрон за воздухопловно и техничко одржување , батаљон за противвоздушна одбрана и вод за специјални намени како и батаљон за воздушно набљудување и јавување. Во скадронот на борбени хеликоптери има 4 воздухоплови од типот МИ 4 со потекло од Русија, а во сквадронот на транспортни хеликоптери има 6 летата од типот МИ 17 од руско потекло. Во резерва има уште 2 хеликоптери од типот Белл УХ 1 со транспортна намена. Вингот на АРМ располага со уште 9 тренажни авиони и еден транспортен воздухоплов.

Р. Ф .

Можеби ќе ве интересира

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно