05 Мај, 2024
0.0241

КОЛКУ МАКЕДОНСКИ ФИРМИ СЕ ВО БАНКРОТ: Можно е допрва да се затвораат поради кризата

Објавено во: Економија 22 Септември, 2021

Добивај вести на Viber


Точно е дека минатата година беше една од потешките економски години за домашната економија, а поради рестрикциите, компаниите се бореа со ликвидност. Во таа година порасна и долгот на корпоративниот сектор, но бројот на банкротираните компании се намалил. Податоците од Народната банка покажуваат дека во 2020 година сапката на банкротирани компании изнесува 0,87 проценти, а во 2019 година била 1,4 проценти.

Намалувањето се должи најмногу на неможноста да се однесе фирма во стечај во 2020 година. Имено поради уредбите со законска сила за примена на Законот за стечај за време на вонредна состојба што ги донесе Владата како дел од антикризните мерки, поведувањето нови стечајни постапки и веќе започнатите стечаисе одложија за времетраењето на вонредната состојба, како и по престанокот на вонредната состојба до 30 јуни 2020 година. Народната банка сепак ставува дека можни се  одложени ефекти и зголемвање на бројот на банкротирани фирми годинава.

„Можни се одложени ефекти, особено по повлекувањето на антикризните мерки и во случај на побавно економско закрепнување од очекуваното, што ги нагласува ризиците за финансиската стабилност што произлегуваат од корпоративниот сектор во следниот, велат од Народната банка.

Инаку стапката на банкротирани правни лица се пресметува како сооднос меѓу бројот на правни лица над кои е отворена стечајна постапка во текот на годината и  просечниот годишен број активни правни лица.  Ако лани годишни сметки до Централниот регоистар доставиле 61.864 фирми со ваква стапка од 0,87 проценти, излегува дека банкротиралe 538 компании.

Бројот на регистрирани фирми  во земјава е многу поголем односно изнесува 113.306. Од овие правно-формално постоечки субјекти, годишни сметки до Централниот регистар доставиле помалку од половина, или 61.864.

Фактор веќе пишуваше дека долгот на коропративниот сектор лани статсал до процент колку што е и вкупниот јавен долг на државата.

A.T.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години