28 Април, 2024
0.0265

Колку милиони евра земаа од дивиденда акционерите лани?

Објавено во: Економија 19 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Триесет и една македонска компанија лани исплатиле 165 милиони евра дивиденда и тоа е за речиси 40 отсто повеќе пари од тоа што било исплатено на акционерите во 2016 година, покажуваат официјалните податоци на Македонската берза за хартии од вредност. Ова е многу силен аргумент во прилог на охрабрување на потенцијалните инвеститори во акции, а воедно и за зајакнување на позициите на тие што веќе вложуваат во акции. Овој податок покажува дека вложувањето во акции има потенцијал и е многу конкурентно во однос на вложувањето во депозити или орочени влогови. Сепак мора да се има во предвид дека најважен е изборот на акции во кои ќе се вложи.

Ова е цитат од Годишниот извештај на Македонската берза за хартии од вредност „Во рамките на вкупниот број на котирани компании (107 котирани друштва) 31 друштво исплатиа дивиденди во 2017 година во износ од 165 милиони евра, што во споредба со 2016 година претставува зголемување за 38,6%. Зголемениот износ на исплатени дивиденди во 2017 се должи пред се’ на подобрените финансиски резултати на банките.“

Од официјалните достапни податоци на сајтот на Македонска берза се гледа дека бројот на компании кои годинава исплатија дивиденда за работењето лани е 21 што е за 32,2 отсто помалку од лани.Помеѓу нив најдобитни се веројатно три грчки акционери кои имаат мнозински пакети акции во „Стопанска банка Скопје“, цементарницата УСЈЕ и во прилепскиот Мермерен комбинат. Сите тие заедно имаат прилив по основ на дивиденда од 42,7 милиони евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка