08 Мај, 2024
0.0254

Колку од камати секојдневно заработува „Стопанска банка Скопје“?

Објавено во: Економија 23 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Десет милиони денари дневно од камати заработува најголемата деловна банка во земјава, покажуваат официјалните податоци од кои се гледа дека „Стопанска банка Скопје“ и годинава, традиционално, книжи рекордна добивка во изминативе пет години

„Стопанска банка Скопје“ успева да го одржи трендот на раст на добивката, покажуваат официјалните податоци од полугодишниот биланс на оваа банка објавени деновиве на Македонската берза за хартии од вредност.

За половина година добивката по акција на таа банка изнесува 75 денари однос 1,3 милијарди денари (21,2 милиони евра) што е за 7 отсто подобар резултат од првото полугодие лани.

Во периодот јануари-јуни банката остварила вкупни приходи од камати во износ од 2,23 милијарди денари и тие се само за 3 милиони денари пониски од истиот период 2016 година. При такви приходи од камата кратејќи ги расходите од камати за 79 милиони денари во однос на лани и сведувајќи ги на 389 милиони денари банката доаѓа до нето приход од камати од 1,83 милијарди денари што е за 66 милиони денари подобро од првото полугодие лани и тука бележи раст од 3,75 отсто. Кај приходите од провизии и надоместоци значајно е тоа што тие се зголемени за 18 милиони денари во споредба со истиот период лани и изнесуваат 477,2 милиони денари.

На расходната страна на билансот значајно е да се истакне дека пораснале резервациите за кредити во споредба со лани. Тие за првото полугодие изнесуваат 301,8 милиони денари, а во споредба со истиот период лани се зголемени за 36 милиони денари.

Депозитите растат за 10,4 отсто, кредитирањето минимално намалено!

Од билансот на состојба видливо е дека депозитите пораснале за 10,4 отсто во споредба со истиот период лани. Тие надминаа ниво од 69 милијарди денари и се поголеми за 710 милиони денари. Во овој период забележливо е намалување на кредитирањето на банката, но во минимален износ во споредба со истиот период лани. Тоа изнесува 58,39 милијарди денари и во однос на истиот период лани е помало за 260 милиони денари.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката