13 Мај, 2024
0.0272

Колку плати Тутунски комбинат за модернизација и за отпремнини на 222 вработени?

Објавено во: Економија 29 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Прилепскиот Тутунски комбинат плати 4 милиони евра за отпремнини на повеќе од 20 отсто од вработените. За првите шест месеци продажбата пораснала за 2,4 милиони евра до 6,56 милиони евра

Најголемиот државно поседуван тутунски комбинат „Прилеп“ првата половина од годинава ја заврши со загуба од 4,1 милиони евра, покажуваат официјалните податоци од финансискиот извештај. Клучен генератор на загубата се трошоците на компанијата кои ги исплати на име отпремнина на 222 вработени кои спогодбено ги напуштиле нивните работни места, што е дел од процесот на модернизација и зголемување на ефикасноста во работењето на комбинатот. За отпреминините Тутунски комбинат Прилеп плати 4 милиони евра и го намали бројот на вработени од 958 лица (официјален податок во Ревизорски извештај за 2016 година) за 222 лица на полугодие на 2018 година.

Всушност отпремнините се втор по големина трошок на компанијата по трошоците за набавка на суровини и други материјали кои изнесуваат 9,3 милиони евра за половина година и во споредба со лани се повисоки за 3 отсто. Клучната разлика во трошоците е направена кај ставката трошоци за вработените. Лани за првото полугодие тие изнесуваат 1,2 милиони евра, а годинава се 5,2 милиони евра. Како што е наведено во објаснувањето на менаџментот целта на проектот за намалување на бројот на вработени и подобрување на продуктивноста на компанијата чија основна дејност е производство на тутун и цигари. 

Како изработи Тутунски Прилеп во првата половина од годинава?

 Во првата половина од годинава Тутунски комбинат Прилеп има приходи од продажба во износ од 6,56 милиони евра и тие се зголемени за 175 отсто во однос на истиот период лани кога изнесувале 2,39 милиони евра. Компанијата остварила огромен раст на извозот кој надминал 5,15 милиони евра и пораснал за 4,5 милиони евра. На домашниот пазар компанијата бележи пад на приходот од продажба за 21 отсто односно 369.000 евра и  изнесува 1,41 милиони евра. Растот на приходите од продажбата се одразува и преку нивото на залихи. Тие на крај на јуни се на ниво од 6,56 милиони евра и се за 38 отсто пониски од нивната вредност во истиот период лани.

Компанијата за првите шест месеци платила 372.000 евра за камати и кај таа ставка има намалување на трошокот за 15 отсто во споредба со лани. 

Вкупните обврски на комбинатот на крајот на јуни се 21,76 милиони евра и се за 19 отсто повисоки од истиот период лани. Компанијата ги намалила тековните обврски за 19 отсто до ниво од 12,22 милиони евра, а од тоа намалувањето кај краткорочните кредити е 2,24 милиони евра, а кратењето на обврските спрема добавувачите е за половина милион евра.

Кај долгорочните обврски пак е регистрирано зголемување за 190 отсто и тие изнесуваат 9,54 милиони евра. Најголем проблем е акумулираната загуба на комбинатот која изнесува над 147 милиони евра. 


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?