03 Декември, 2024
0.0584

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

Објавено во: Економија 13 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

По завршувањето на изборите во кои со голем број гласови убедлива победа издвојува ВРМО-ДПМНЕ, и очекувано е тие да формираат нова Влада, едно од суштинските прашања кои остануваат во следниот период да се дефинираат е економскиот фокус на новата Влада.

Досега имавме бројни ветувања од сите претходни владини претставници дека токму економскиот развој ќе биде во фокусот на лидерите и функционерите со цел побрз економски развој на земајта, но за жал, плановите за економски раст тешко се остваруваат. Нашата земја низ годините не може да се пофали со голем раст на БДП, што вообичаено се смета за еден од показателите за равојот на земајта.

Колку промената на власта, и враќањето на раководните позиции на претставници од партијата која долги години беше на владејачките позиции ќе предизвика и промени на економско поле допрва ќе видиме. Кои се предизвиците пред новата влада, може ли да очекуваме поголем економски раст, поодлучна борба со сивата економија, но и со корупцијата која останува една од најчестите „кочници“ на нашиот пат кон Европската унија.

-  Изборите и доаѓањето нова влада секако се нов импулс за економијата, а и така се доживуваат од економските агенти. Формирањето на очекувањата на граѓаните и на фирмите е важно за економските исходи. Но, неопходно е да бидат пресретнати од реално исполнување на она што било ветено. Секако, не може да се очекуваат драматични промени во економските индикатори, особено не на краток рок, меѓутоа може да се очекува драматична промена во пристапот кон политиките и структурните реформи – вели Благица Петрски, директорка на Институтот за економски истражувања и политики „Фајненс тинк“.

Петрески за Фактор истакнува дека токму институциите се главната кочница за нашиот напредок. Поточно клучните точки каде „вечно се препнуваме“, како што се недоволно владеење на правото, неефикасната јавна администрација, сивата економија.

-  Клучна кочница за економскиот раст во Македонија останува севкупната неефикасност на институционалниот поредок, што се рефлектира на повеќе начини: недоволно владеење на правото, неефективна јавна администрација, толеранција кон сивата економија, а на крајот сето тоа свој одраз има врз начинот на кој се трошат народните пари. Крајно време е тоа да се смени, и јас лично очекувам цврста рака и помак во тој сегмент. Резултатите од тоа ќе дојдат, порано или покасно, меѓутоа она што е важно, како што вели Мицкоски во првите 100 дена, е да видиме промена во пристапот кон овие работи, силна волја и први амбициозни чекори во таа насока – истакнува Петрески.

Од друга страна економистот Здравко Савески исто така смета дека „од новата влада поголеми промени на економски план не треба да се очекуваат“. Савески посочува дека повеќе од три децении сите влади во Македонија водат иста економска политика, што ги привилегира капиталистите и овозможува огромна концентрација на општественото богатство во нивни раце. Според него тоа ќе продолжи и понатаму.

-  Дури е можно и оние скромни исчекори што ги направи СДСМ во однос на регулацијата на пазарот, со цел мала заштита на животниот стандард на обичниот човек, да бидат отстранети во името на слободниот пазар. Корупцијата е системска фалинка на постојниот систем на наводна демократија и распределба на економска моќ. Правилата на игра се така утврдени што го фаворизира изборниот успех на оние партии што располагаат со голема финансиска моќ. А таа финансиска моќ доаѓа од економските центри на моќ во општеството, кои го користат обезбедувањето на финансиската моќ за партиите, по доаѓањето на власт на тие партии, за обезбедување привилегии за себе – посочува Савески.

Воедно нашиот соговорник истакнува дека „финансиската моќ на економските центри на моќ во општеството ним им обезбедува силна алатка за „лобирање“ кај политичарите на власт. Па, еве ви ја корупцијата“.

-  Така што, стерилни се оние дискусии за корупцијата дека зависело од тоа чесни политичари да дојдат на власт. Тоа од старт е оневозможено кога изборните правила се така утврдени изборниот успех да зависи од финансиската моќ на партиите и кога во општеството постои голема економска нееднаквост што им овозможува на оние што го концентрирале општественото богатство во свои раце да имаат енормна „лобирачка“ моќ да си купуваат политичари и поволна регулатива за себе – укажува Савески.

Тој воедно посочува дека буџетските приходи на власта се енормно зголемени во последната деценија, од 2,4 на 5 милијарди евра во периодот од 2014 до 2024 година, или за повеќе од 100 проценти.

-  Тоа значи дека владата располага со буџетски потенцијал за капитални инвестиции, јавни услуги и социјални мерки што е многу поголем од порано, што ѝ овозможува значиелно зголемен капацитет да го подобри и квалитетот на животот на мнозинството и животниот стандард на најранливите членови од нашето општество. Но, тој зголемен буџетски потенцијал може да биде и извор на експанзија на коруптивната зависност. Со оглед на тоа што системот поттикнува коруптивни партиски структури, јасно е како досега се користеше енормно зголемениот буџетски потенцијал и како и понатаму тој ќе се користи – заклучува Савески.

Петранка Огнаноска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ДА ПОЧНЕ ШТО Е МОЖНО ПОСКОРО: Локалните власти во Ќустендил бараат изградба на автопатот и пругата до Македонија

ДА ПОЧНЕ ШТО Е МОЖНО ПОСКОРО: Локалните власти во Ќустендил бараат изградба на автопатот и пругата до Македонија

ФИРМИТЕ БАРААТ РАБОТНИЦИ: Над 10.000 слободни работни места има во Македонија

ФИРМИТЕ БАРААТ РАБОТНИЦИ: Над 10.000 слободни работни места има во Македонија

ЛЕВИЦА: Не за пензија на 67 години - пензионерите нема да ги плаќаат грешките на системот

ЛЕВИЦА: Не за пензија на 67 години - пензионерите нема да ги плаќаат грешките на системот

Божиновска во ХЕЦ Тиквеш - водостојот на критичното ниво, последица од несовесно управување – времето за акција е сега

Божиновска во ХЕЦ Тиквеш - водостојот на критичното ниво, последица од несовесно управување – времето за акција е сега

Јанкоски во „Бизнис клуб“: Потребна е поголема афирмација на успешните македонски бизнисмени

Јанкоски во „Бизнис клуб“: Потребна е поголема афирмација на успешните македонски бизнисмени

НЕМА ДА ИМА ПОНИСКА ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Оваа компанија ги зголемува платите од 1. јануари

НЕМА ДА ИМА ПОНИСКА ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Оваа компанија ги зголемува платите од 1. јануари

АКО ЧЛЕНОВИТЕ НА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ САКААТ ДА ПОМОГНАТ ВО КРПЕЊЕ НА БУЏЕТОТ ВО ПИОМ, НЕКА ПЛАЌААТ ПРИДОНЕСИ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ: Остра реакција на Трендафилов од ССМ

АКО ЧЛЕНОВИТЕ НА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ САКААТ ДА ПОМОГНАТ ВО КРПЕЊЕ НА БУЏЕТОТ ВО ПИОМ, НЕКА ПЛАЌААТ ПРИДОНЕСИ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ: Остра реакција на Трендафилов од ССМ

ДНЕВНО ОД ФАБРИКАТА ИЗЛЕГУВААТ ДЕСЕТИЦИ ВОЗИЛА, НО НЕ СЕ ЗНАЕ КОГА ЌЕ ПОЧНЕ СЕРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО - електричната панда ја очекуваат подобри времиња

ДНЕВНО ОД ФАБРИКАТА ИЗЛЕГУВААТ ДЕСЕТИЦИ ВОЗИЛА, НО НЕ СЕ ЗНАЕ КОГА ЌЕ ПОЧНЕ СЕРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО - електричната панда ја очекуваат подобри времиња

ПОГОЛЕМИ САТНИЦИ ВО ГЕРМАНИЈА ЗА 2025 ГОДИНА - платите ќе продолжат да растат за овие неколку професионални категории

ПОГОЛЕМИ САТНИЦИ ВО ГЕРМАНИЈА ЗА 2025 ГОДИНА - платите ќе продолжат да растат за овие неколку професионални категории