Колку пријатели Албанци има Пендаровски?
Објавено во: Македонија 08 Март, 2019
Стево Пендаровски, кандидатот за претседател ан Македонија на претстојните избори, при гостувањето во телевизија Алсат на прашање на водителот одговори дека има тројца Албанци за пријатели.
Ова прашање беше поставено во контекст на поддршката што ја очекува од албанските гласачи кои го поддржуваат СДСМ и ДУИ.
-Нема да ги споменувам, но во последните години имам тројца мои пријатели Албанци, од кои еден е албански муслиман, друг православен Албанец, трет католички Албанец - рече Пендаровски.