29 Април, 2024
0.1628

Колку профит носи бизнисот со мермер?

Објавено во: Економија 07 Септември, 2018

Добивај вести на Viber


Мермерниот комбинат е уникатна фирма. За пола година има приход од продажба кој надмина 19 милиони евра и чист профит од 10,8 милиони евра

Единствената македонска компанија за производство на мермер – прилепскиот Мермерен комбинат за пола година има 10,8 милиони евра, покажуваат официјалните податоци од билансот на успех на таа компанија. Најважно за акционерите е тоа што компанијата годинава ја зголемила добивката за речиси два пати во споредба со првото полугодие 2017 година.

Приходот од продажба за половина година надмина 19 милиони евра и тоа е за 55 отсто повеќе од истиот период лани. Клучен е пласманот на странските пазари. Компанијата има девизен прилив од извоз во износ од 18,85 милиони евра и тоа е за 57 отсто повеќе од истиот период лани. Домашната продажба е незначителна и таа изнесува околу 200.000 евра и во споредба со лани паднала за 32 отсто. Бруто добивката на компанијата за половина година е 88 отсто поголема од лани и изнесува 13,12 милиони евра. Менаџментот на компанијата годинава направил рокада кај административните трошоци и кај трошоците на продажба т.е. маркетинг. Административните трошоци се преполовени за сметка на трошоците за продажба кои се речиси дуплирани во однос на лани. Резултот е очигледен.

Ова друшто има финансиски приходи и финансиски расходи кои речиси и да немаат никакво влијание врз билансот на успех затоа што се многу мали. Оперативната добивка на фирмата за шест месеци е 12,025 милиони евра и е за 2,2 пати поголема од лани. 

Од билансот на успех се гледа дека компанијата вакви резултати остварува без дополнително задолжување. Имено нејзините обврски во првата половина годинава се 4,4 милиони евра и во споредба со лани се зголемени за само 3 отсто.

Што претходеше на продажбата на „Мермерен“?

 „Мермерен“ беше продаден на грчки инвеститори пред повеќе од 17 години. На продажбата и претходеше спектакуларна полициска акција што ја предводеше Љубе Бошковски актуелен политичар коалициски партнер на актуелната власт кој одлежа затворска казна за поткуп. Во време пред продажбата на „Мермерен“ Бошковски во својство на висок оперативец на МВР изврши претрес во „Мермерен комбинат“ при што беше однесен на распит и тогашниот директор на компанијата Никола Стојков, по што му беше изречена и мерка домашен притвор. Неколку месеци по спектаклот за кој немаше судска разрешница „Мермерен комбинат“ беше продаден на грчки сопственици. А потоа Бошковски стана и министер за внатрешни работи во владата на ВМРО-ДПМНЕ која владееше од 1998 година до 2002 година.

Р.Ф.


Можеби ќе ве интересира

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега